БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.
ОБУКА
2.1
Запознајте се со командите и правилното
користење на машината. Научете брзо да
го запирате моторот. Непридржувањето
кон предупредувањата, и кон упатството,
може да предизвика настанување на
пожар и/или сериозни повреди.
• Да не се дозволи никогаш со машината да
управуваат деца или лица кои немаат доволно
искуство со управувањето. Локалните
закони може да предвидат минимална
возраст за управување со машината.
• Овој апарат може да го користат деца постари од 8
години, но и лица со намалени физички, сензорни
и ментални способност или лица коишто немаат
доволни познавања само доколку се под надзор
или се подучувани за употребата на апаратот на
безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
Децата не смее да си играат со апаратот. Децата
не смее да го спроведуваат редовното чистење
и одржување доколку не се под надзор.
• Да не се користи никогаш машината доколку
корисникот е уморен или болен, или доколку
има консумирано лекови, дроги, алкохол или
супстанции штетни за рефлексите и вниманието.
• Не дозволувајте деца или други лица
да се возат на машината
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста по други лица или нивниот
имот. Во опсегот на одговорности на операторот
спаѓа и проценката на можните ризици на теренот
каде треба да се работи и затоа преземете ги сите
неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате
својата, но и безбедноста на
закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има
други лица, проверете дали операторот ги почитува
упатствата што се содржани во ова упатство.
ПРЕЛИМИНАРНИ ОПЕРАЦИИ
2.2
Лична заштитна опрема (ЛЗО)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон
против лизгање, и долги пантолони. Не вклучувајте
на машината со боси нозе или со отворени
сандали. Носете заштитни слушалки за слухот.
• Употребата на акустична заштита ја
намалува можноста да ги слушнете можните
предупредувања (повикување или аларми).
Обрнувајте исклучително внимание на она
што се случува околу областа за работа.
• Носете ракавици за работа во сите
ситуации каде има ризик за рацете.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни,
облека со лелеави делови или со врвки и врски
и слични додатоци што висат или се долги и би
можеле да се закачат за машината или за предмети
и материјали кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
другите, особено на
Простор за работа / Машина
• Проверете ја темелно целата површина за
работа и отстранете сè што би можело да
биде исфрлено од машината или да ги оштети
сечилата/ротирачките единици (камења,
гранки, железни жици, коски, итн.).
ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
2.3
Работна површина
• Не ја користете машината во ризични
амбиенти во присуство на лесно запаливи
гасови и прашина. Електричните делови
предизвикуваат искри што може да ги
запалат нечистотиите или испарувањата.
• Работете само на дневна светлина или
при добро вештачко осветлување и
при услови на добра видливост.
• Оддалечете ги лицата децата и животните
од работниот простор. Не може да се чуваат
деца додека се користи на машината, тие
треба да бидат чувани од друго лице.
• Избегнувајте да работите на мокра трева,
кога врне и кога ризик од временска
непогода, особено грмотевици.
• Не изложувајте ја машината на дожд
или влажни услови. Водата што може да
навлезе во електричниот дел го зголемува
ризикот од електричен удар.
• Обрнете особено внимание на нерамнините на
теренот (наклони, вдлабнатини), закосувањата,
скриените опасности и пречките коишто
можат да ја ограничат видливоста.
• Обрнете особено внимание во близина на
стрмнини, дупки или препреки. Машината може
да се преврти ако едното тркало поминува
преку раб или ако работ е закосен.
• Работете секогаш надолжно во однос на
косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш
попреку внимавајќи при тоа на менувањето на
правецот одржувајќи правилна потпора и да
избегнувате тркалата да удираат на пречки
(камења, гранки, корења и сл.) со што може да
се предизвика странично лизгање, превртување
или загуба на контролата врз машината.
• Внимавајте на сообраќајот кога машината
се користи во близина на пат.
Однесувања
• Обрнете внимание кога одите во рикверц.
Погледнете зад вас пред и при движење наназад
за да обезбедите дека нема никакви пречки.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
• Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку
од сечилото, особено при стартување на
моторот и додека работите со машината..
• Внимание: сечилото продолжува да се врти
уште неколку секунди откако ќе се исклучи
или откако ќе го изгаснете моторот.
• Држете растојание од отворот за исфрлање.
Доколку нешто се скрши или дојде до
незгода за време на работата, исклучете го
моторот веднаш и оддалечете ја машината за
да се избегне понатамошна штета; Во случај на
инцидент со лична повреда или повреда на трето
MK - 2