Безбедносни Мерки; Воведни Операции - ST CP1 430 Manual De Instrucciones

Cortadora de pasto eléctrica con operador de pie
Ocultar thumbs Ver también para CP1 430:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 64
MK
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПРЕД УПОТРЕБА НА МАШИНАТА, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО
СЛЕДНОВО УПАТСТВО. Да се сочува за понатамошни потреби.
СОДРЖИНА
1. ОПШТО ........................................................................ 1
2. БЕЗБЕДНОСНИ ПРОПИСИ ....................................... 1
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА ................................... 3
4. МОНТАЖА ................................................................... 4
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА ........................................ 4
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА ....................................... 4
7. ОДРЖУВАЊЕ ............................................................. 5
8. СКЛАДИРАЊЕ ............................................................ 6
9. УПРАВУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ .................................. 6
10. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ......................................... 6
11. ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПРОБЛЕМ ......................... 6
12. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ПО ИЗБОР ................... 6
1.
ОПШТО
1.1
КАКО ДА СЕ ЧИТА УПАТСТВОТО
Во ова упатство одредени поглавја содржат
важни информации во однос на безбедноста и на
функционалноста и се нагласени на следниот начин:
ЗАБЕЛЕШКА ИЛИ ВАЖНО
дополнителни информации за она што е претходно
наведено, со цел да се спречи оштетување на машината.
Овој
симбол посочува на опасност. Непочитувањето
на ова предупредување создава можност за лични
повреди или на трети лица и/или штети.
Пасусите означени со квадратче со рамка
и сиви точки посочуваат на изборни одлики
коишто не се присутни кај сите модели
дадени во ова упатство. Проверете дали се
достапни карактеристики за овој модел.
Сите индикации „напред", „назад", „лево" и „десно" на
машината, се дадени во однос на позицијата за работа на
операторот.
1.2
НАСОКИ
1.2.1
Слика
Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1,
2, 3 и така натаму.
Компонентите посочени на сликите се означени со
буквите А, B, C и така натаму.
Насоката за компонентата C на сликата 2 се означува со
изразот: „Видете на сл. 2. C", или поедноставно „(слика
2.C)".
Сликите се само за пример. Вистинските делови може да
се разликуваат во однос на оние на сликата.
1.2.2
Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот
на пасус „2.1 Обука" е заменето со „2.
Безбедносни норми". Насоките за насловите или
пасусите се означени со кратенките погл. или пас. и со
соодветниот број. Пример: „погл. 2" или „пас. 2.1"
2.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1
ОБУКА
Запознајте се со командите и правилното
користење на машината. Научете брзо да го запирате
моторот. Непридржувањето кон предупредувањата и
даваат детални или
MK - 1
кон упатството може да предизвикаат изгореници и/
или сериозни повреди.
• Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат
машината, или други лица што не ги знаат основните
упатствата. Локалните закони може да предвидат
минимална возраст за управување со машината.
• Овој апарат може да го користат деца постари од
8 години, но и лица со намалени физички, сензорни
и ментални способност или лица коишто немаат
доволни познавања само доколку се под надзор
или се подучувани за употребата на апаратот на
безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
Децата не смее да си играат со апаратот. Децата
не смее да го спроведуваат редовното чистење и
одржување доколку не се под надзор.
• Никогаш не ја користете машината доколку
корисникот е изморен или изнемоштен, или користел
лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци
што можат да ги забават неговите рефлекси и да ја
загрозат неговата способност за пресуда.
• Не пренесувајте деца или други патници.
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста по други лица или нивниот
имот. Во опсегот на одговорности на операторот
спаѓа и проценката на можните ризици на теренот
каде треба да се работи и затоа преземете ги сите
неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате
својата, но и безбедноста на другите особено на
закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има
други лица, проверете дали корисникот ги почитува
упатствата што се содржани во ова упатство.
2.2
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон
против лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте
на машината со боси нозе или со отворени сандали.
Носете заштитни слушалки за слухот.
• Употребата на акустична заштита ја намалува
можноста да ги слушнете можните предупредувања
(повикување или аларми). Обрнувајте исклучително
внимание на она што се случува околу областа за
работа.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни,
облека со лелеави делови или со врвки и врски
и слични додатоци што висат или се долги и би
можеле да се закачат за машината или за предмети
и материјали кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
Област за работа/машина
• Проверете ја темелно целата површина за работа
и отстранете сè што би можело да биде исфрлено од
машината и да ги оштети сечилата/ротирачки делови
(камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.).
Напојување
Веднаш извадете го приклучокот од приклучницата
доколку кабелот или продолжниот кабел се оштетат за
време на употребата. НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ КАБЕЛОТ ПРЕД
ДА ГО ИЗВАДИТЕ ОД ПРИКЛУЧНИЦАТА. Никогаш не ја
користете машината кога кабелот или продолжниот кабел
се оштетени или изабени. Оштетен или изабен кабел
може да предизвика контакт со деловите под напон.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Cp1 480

Tabla de contenido