Dremel 670 Traducción De Las Instrucciones Originales página 329

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 124
ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
!
СЕ СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО,
ЗАПАЛИВА ИЛИ ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат
за канцерогени); носете заштитна маска против прашина и користете
правосмукалка/смукалка за отпадоци, ако може да се приклучи
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА СИТЕ ПИЛИ
ПОСТАПКИ НА СЕЧЕЊЕ (I)
a.
ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од површината за
!
сечење и од сечилото. Ставете ја другата рака на
дополнителната рачка или на куќиштето на моторот. Доколку ја
држите пилата со двете раце, нема да се исечете со сечилото.
b. Не посегнувајте под делот што се обработува. Заштитниот
поклопец не може да ве заштити од сечилото под делот што се
обработува.
c.
Прилагодете ја длабочината на сечење според дебелината на
делот што се обработува. Под делот што се обработува треба
да се гледа помалку од половина запчаник од сечилото.
d. Никогаш не го држете делот што се обработува во рака, и не
поставувајте го преку нога за време на сечењето. Поставете
го делот што се обработува на стабилна платформа.
Многу е важно правилно да ја изведувате работата, за да ја
минимизирате изложеноста на телото, заглавувањето на
сечилото или губењето контрола.
e.
Држете го електричниот алат за изолираната површина додека
сечете, за сечилото да не дојде во контакт со скриена жица
или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир
со жица под напон, може да ги изложи металните делови на
електричниот алат под напон и операторот може да добие
струен удар.
f.
При процесот на сечење по должина, секогаш користете
паралелен граничник или аголен граничник. Ова ја подобрува
прецизноста на сечењето и ги намалува шансите за заглавување
на сечилото.
g. Секогаш користете сечила со точна големина и форма
(дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупките. Сечилата
што не се совпаѓаат со монтираниот тврд дел на пилата, ќе се
поместат надвор од центарот и ќе изгубите контрола.
329

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido