•
Уверете се дека насадниот отвор на
брусниот диск, отстојниците, затезната
навртка, итн. одговараат на пречникот на
вретеното на машината.
•
Проверете дали е правилно монтиран
брусниот диск. Не користете адаптери или
други елементи за монтирање на дискови со
друг насаден пречник.
•
Користете брусни дискови кои се
препорачани од производителот. Користете
браници кои се посебно направени за
брусни дискови.
•
Користете брусни дискови кои се наменети
за работата која ја работите. На пример:
не брусете со страната од дискот за
отсекување.
•
Не ja користете машината без браник.
Монтирајте го браникот, за да имате
максимална безбедност. Водете сметка
корисникот да е заштитен од брусниот диск,
што е можно повеќе.
•
Проверете го потпирањето или стегањето на
парчето.
•
Носете заштитни очила. Носете заштита
за слухот. Носете маска за заштита од
прашина. Ако е потребно, користете и други
заштитни средства, како ракавици, чевли
итн. Ризик од повреди.
•
Присутните лица да се подалеку од
работната област. Проверете дали носат
заштитна опрема сите присутни во
работната област. Ризик од повреди.
•
Држете го напојниот кабел што подалеку
од ротирачкиот диск. Ако кабелот го допре
дискот, вашите раце или дланките можат да
дојдат во допир со дискот. Ризик од повреди.
•
Држете ја машината за изолираните дршки,
ако листот може да дојде во контакт со
скриени жици или со сопствен кабел. Ако
приборот допре „жива" жица, металните
делови на машината исто така стануваат
„живи". Ризик од струен удар.
•
Не ја користете машината додека ја
пренесувате. Ризик од повреди.
•
Не ја користете машината за обработка
на делови на длабини кои ја надминуваат
максималната длабина на листот.
•
Не користете прибор за кој треба разладно
средство. Ризик од струен удар.
•
Не ја користете машината во близина на
запаливи материјали. Ризик од пожар.
•
Не обработувајте материјали кои содржат
азбест. Азбестот е канцероген.
•
Не обработувајте метали со магнезиум со
содржина повеќе од 80%.
•
Дискот продолжува да се движи краток
период по исклучување на машината. Не се
обидувајте да го сопрете дискот.
•
Никогаш не ја одложувајте машината пред
да ја исклучите.
•
Исчистете ги отворите за ладење. Ризик од
струен удар.
Повратен удар е моментна реакција на
заклинет, залепен или несоодветен лист, кој
предизвикува неконтролирано подигање и
отскокнување на алатот од работното парче, во
насока на ракувачот.
Ако е дискот е заклинет или тесно заглавен,
тој се укочува и реакцијата на моторот брзо го
турка алатот во насока на ракувачот. Ако дискот
почне да вибрира во прорезот, задниот раб на
дискот се качуваат кон горниот дел од парчето и
предизвикуваат дискот да излезе од резниот
жлеб и да отскокне во насока на ракувачот.
Повратниот удар е резултат на неправилно
ракување и/или неправилна работна постапка
или состојба. Повратниот удар може да се
избегне со превземање на соодветни мерки на
претпазливост:
•
Држете ја машината цврсто со две раце.
Поставете ги рацете во таква положба
да можат да го одбијат повратниот удар.
Поставете се од било која страна на дискот,
но не во линијата на брусењето. Повратниот
удар предизвикува отскокнување на дискот
наназад. Ако се придржува кон соодветните
безбедносни мерки, корисникот може да го
контролира повратниот удар.
•
Бидете посебно внимателни кога алатот го
користите во ќошиња, остри рабови итн.
Побринете се да не се заглави дискот за
брусење. Ризик од повратен удар.
•
Ако се заглави дискот или од било која
причина го прекинете отескувањето,
отпуштете го прекинувачот on/off и држете
го алатот во парчето додека дискот не се
сопре. Никогаш да не ја вадите машината
од парчето или да ја повлекувате наназад
додека дискот се врти. Ризик од повратен
удар.
101