Cybex Platinum SOLUTION Z-FIX Guía De Usuario página 95

Ocultar thumbs Ver también para SOLUTION Z-FIX:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 31
Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење
и топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или
белила!
На некои седишта на возило изработени од чувствителни материјали,
користењето детски седишта може да остави дамки и/или да предизвика
бледнеење. За да го спречите ова, може да ставите ќебе, крпа или
сличен предмет под детското седиште за да го заштитите седиштето на
возилото.
ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ
(а) Оддел за чување на
Упатството за корисник
(b) Наслон за грб
(c) Приспособлив наслон за глава
(d) Регулатор на висина на наслон
за глава
(e) Перниче
(f) Водилка на скутен каиш
ПОЧЕТНО СКЛОПУВАЊЕ
Поврзете го наслонот за грб (b) со перничето (e) со прикачување на
водилката со кука на осовината на перничето. Наслонот за грб (b) потoа се
преклопува нанапред.
ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО
Детското седиште со вовлечени рачки за заклучување ISOFIX-Connect (i)
може да се користи на сите седишта на возило што имаат автоматски каиши
со три точки за фиксирање што во прирачникот за возилото се одобрени за
„универзална" употреба.
Сертификацијата „полууниверзален" им се дава на системите а врзување што
не се поврзуваат со возилото преку рачки за заклучување ISOFIX-Connect (i).
Од оваа причина, ISOFIX-Connect може да се употребува само во одредени
возила. Осврнете се на приложениот список со типови возила за одобрените
возила. Може да ја добиете најновата верзија на www.cybex-online.com.
Во особени случаи, детското седиште за автомобил може, исто така, да
се употребува на предното патничко седиште. Секогаш почитувајте ги
препораките на производителот на возилото.
(g) Водилка на каишот за рамо
(h) Линеарна странична заштита од
удари (L.S.P.)
(i) Рачки за заклучување ISOFIX
(j) Рачка за приспособување ISOFIX
(k) Копче за ослободување ISOFIX
(l) Сигурносен показател ISOFIX
(m) Точки за закотвување ISOFIX
МОНТИРАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ВО ВОЗИЛОТО
1. Секогаш треба да бидете сигурни дека...
• наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција,
• кога го монтирате детското седиште на предното патничко седиште, тоа
е приспособено што е можно поназад, без да влијае врз жлебовите за
водење на каишот.
2. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (j) под перничето (e) и
повлечете ги целосно двете рачки за заклучување ISOFIX (i).
3. Сега, завртете ги рачките за заклучување ISOFIX (i) 180 степени, така што
ќе бидат завртени во правец на точките за закотвување ISOFIX (m).
4. Поставете го детското седиште на соодветното седиште во возилото.
5. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (i) во точките за закотвување
ISOFIX (m) сè додека не се заклучат во соодветната позиција и додека не
слушнете звук на закопчување.
6. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (j) и туркајте го
седиштето на автомобил кон седиштето на возилото.
7. Бидете сигурни дека целата површина на наслонот за грб (b) на детското
седиште се потпира врз наслонот за грб на седиштето на возилото.
Ако потпирачот за глава на возилото претставува препрека, повлечете го
��
целосно нагоре или отстранете го (освен кај седишта во возило завртени
наназад).
8. Бидете сигурни дека седиштето е добро прицврстено, обидувајќи се да
го извлечете од точките за закотвување ISOFIX (m). Зелените сигурносни
показатели (l) мора да бидат јасно видливи на двете страни на седиштето.
9. Ако седиштето се употребува без ISOFIX, може да се остави на долниот
дел на седиштето.
Кога користите ISOFIX, се создава врска со возилото што ја зголемува
��
безбедноста на детето. Детето сепак треба да се врзе со каишот со три
точки за фиксирање на возилото.
Ако линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) го попречува
��
затворањето на вратата или влијае врз просторот на патничкото седиште,
може да ја отстраните со туркање нагоре за да ја ослободите од нејзините
точки на закотвување. За да ја вратите L.S.P. на седиштето, прицврстете
ја на означената област што се наоѓа странично на седиштето, лизгајте ја
благо надолу и истовремено туркајте ја за да се прицврсти во лежиштето.
MK
93

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido