Cybex Platinum SIRONA Zi i-SIZE Guía De Usuario página 126

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 40
МОНТИРАЊЕ ВО ВОЗИЛОТО
Секогаш треба да бидете сигурни дека...
наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција,
кога го монтирате седиштето за автомобил на предното патничко
седиште, седиштето на возилото е прилагодено што е можно поназад.
1. Отклопете на Потпорната ногарка (3) сè додека не се заклучи во
најоддалечената позиција.
2. Ослободете ги копчињата за откочување ISOFIX (4) за да ги издолжите
рачките за заклучување ISOFIX (5).
Копчињата за ослободување ISOFIX може да се ослободат самостојно, со
��
што им се дозволува на Рачките за заклучување ISOFIX да се прилагодат
независно.
3. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (5) од основата онолку колку
што се отвораат.
4. Поставете го седиштето за автомобил на соодветно седиште во возилото.
5. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (5) во точките за закотвување
ISOFIX (6) сè додека не се заклучат во соодветната позиција и слушнете
звук на закопчување. Бојата на двата индикатора ISOFIX (7) ќе се
промени од ЦРВЕНА во ЗЕЛЕНА.
6. Проверете дали е основата добро прицврстена, обидувајќи се да ја
извлечете од точките за фиксирање ISOFIX (6).
7. Турнете го седиштето за автомобил кон наслонот за грб на седиштето на
возилото сè додека не се порамни целосно со наслонот за грб.
Движењето на седиштето за автомобил од една на друга страна, исто така
��
ќе го потпре наспроти наслонот за грб на возилото.
8. Притиснете го копчето за присособување на потпорната ногалка (8) и
извлечете ја ногалката сè додека не го допре подот на возилото.
MK
9. Повлечете на Потпорната ногарка (3) нанадвор до следната позиција за
фиксирање за да обезбедите оптимално пренесување на силата.
10. Индикаторот на потпорната ногалка (9) ќе стане ЗЕЛЕН кога потпорната
ногалка ќе се постави правилно на подот на возилото.
11. За да постигнете најдобра можна заштита, активирајте ја линеарната
заштита од странични удари (11) на страната на седиштето за автомобил
што е завртена кон вратата на возилото. За да го направите тоа,
притиснете го копчето за ослободување на L.S.P (12)
Седиштето за автомобил може исто така да се употребува и без
��
активирана L.S.P, ако во возилото нема доволно простор.
124
ОТСТРАНУВАЊЕ ОД ВОЗИЛОТО
1. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX (5) на двете страни
притискајќи ти истовремено на копчињата за откочување ISOFIX (4) и
влечејќи ги наназад.
2. Извлечете го седиштето за автомобил од точките за закотвување
ISOFIX (6).
3. Отстранете го седиштето за автомобил и турнете ги рачките за
заклучување ISOFIX (5) целосно наназад во нивните транспортни
позиции.
4. Турнете ја наназад Потпорната ногарка (3) во почетната позиција и потоа
преклопете ја за да заштедите простор.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА
Можете да го приспособите наслонот за глава (13) со помош на рачката за
приспособување на наслонот за глава (14) што се наоѓа во задниот дел на
наслонот за глава (13). Кога го прилагодувате наслонот за глава, треба да
обезбедите дека растојанието меѓу рамениците на детето и наслонот за глава
не е поголемо од 2 см (приближно 2 прста).
ФУНКЦИЈА ЗА ВРТЕЊЕ
Повлечете ја рачката за приспособување на позиција (17) што се наоѓа на
предниот дел на седиштето и поставете ја во исправена позиција. Сега
можете да го завртите седиштето за автомобил.
Ви препорачуваме да ја деактивирате L.S.P. пред да го завртите
��
седиштето.
Пред да го почнете вашето патување, бидете сигурни дека седиштето за
автомобил е правилно заклучено во точна позиција.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ЛЕЖЕЧКА ПОЗИЦИЈА
За да го приспособите седиштето во лежечка позиција, притиснете ја
рачката за приспособување на позиција (17) што се наоѓа на предниот дел
на седиштето.
Ви препорачуваме да ја користите најрамната лежечка позиција за деца
��
кои сè уште не се способни да седат исправени самостојно.
Секогаш треба да бидете сигурни дека го слушате звукот на заклучување
��
на седиштето за автомобил кога го прилагодувате, без оглед дали се наоѓа
во лежечка или исправена позиција.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido