Инструкции За Безбедност - Electrolux ESF6211LOW Manual De Instrucciones

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 58
16 www.electrolux.com
1.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи
лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или
траен инвалидитет.
• Не дозволувајте им на лица, вклучително и
деца, со намалени физички сетила,
намалени ментални функции или
недостаток на искуство и знаење, да го
користат апаратот. Тие мора да бидат под
надзор или да добиваат упатства за
ракување со апаратот од лице кое е
одговорно за нивната безбедност.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат
на деца.
• Чувајте ги сите детергенти настрана од
дофат на деца.
• Чувајте ги децата и домашните
миленичиња настрана од вратата на
апаратот кога е отворена.
1.2 Монтажа
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
• Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот во околина каде
температурата е под 0°C.
• Придржувајте се до упатството за монтажа
приложено со апаратот.
Поврзување на водата
• Пазете да не го оштетите цревото.
• Пред да го поврзите апаратот со новите
цевки или со цевки кои не се користени
подолг временски период, оставете ја
водата да истече се додека не стане чиста.
• Првиот пат кога го користите апаратот,
бидете сигурни дека нема истекување.
• Доводното црево е со безбедносен вентил
и двојна обвивка со внатрешен кабел за
струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасен напон.
• Доколку доводното црево е оштетено,
веднаш извадете го приклучникот од
штекерот за струја. Јавете се во сервисот
за да го заменат доводното црево.
Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали информациите за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓаат со
напојувањето со струја. Доколку не се
совпаѓаат, контактирајте со електричар.
• Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Погрижете се да не предизвикате штета на
приклучокот и кабелот за струја. Доколку
кабелот за струја на апаратот треба да се
замени, тоа мора да го направи нашиот
сервисен центар.
• Поврзете го приклучникот за струја со
штекерот дури на крајот на монтирањето.
Проверете дали штекерот за струја е
пристапен по монтирањето.
• Не повлекувајте го кабелот за струја за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучникот.
• Не допирајте го кабелот за струја или
приклучникот со влажни раце.
• Овој апарат е усогласен со Директивите на
ЕЕЗ.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Esf6211lox

Tabla de contenido