БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА АКУМУЛАТОРСКИ
ДУПЧАЛКИ/ОДВРТУВАЧКИ
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Секогаш проверувајте го напонот на плочката со
податоци за типот на полначот
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, апаратот треба веднаш да се исклучи и да се
извлече приклучникот од мрежната приклучница
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
• Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
• Алатот/полначот не се наменети за употреба од
страна на лица (вклучително и деца со намалени
физички, чувствителни или ментални способности,
без искуство и познавања, освен ако не се под
надзор или ако не се обучени за употребата на
алатот/полначот од страна на лице кое што е
одговорно за нивната безбедност
• Обезбедете децата да не си играат со алатот/полначот
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
• Држете го алатот за изолираните површини за
зафаќање кога извршувате работа при која што
дополнителната опрема за сечење или
зацврстување може да дојде во контакт со
сокриените жици или со кабелот (ако
дополнителната опрема за сечење и зацрстувачите
дојдат во контакт со жица под напон може да ги
електрифицираат металните делови на алатот и да
предизвикаат електричен удар на операторот)
• Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• При промена на приборот, пренесување или
прибирање на алатот, задолжително поставете го
прекинувачот B 2 во средна позиција (заклучено)
ПОЛНЕЊЕ/АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
• Батеријата полнете ја исклучиво со испорачаниот
полнач
• Не ги допирајте контактите во полначот
• Никогаш не ги изложувајте на дожд апаратот/
полначот/батеријата
• Не полнете ја батеријата на влажни или мокри места
• Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 40°C и
повисока од 0°C
• Оштетените полначи не ги пуштајте во работа; за таа
цел треба да се предаде апаратот и полначот во
овластениот SKIL сервис
• Полначот не треба понатаму да се користи ако е
оштетен кабелот или приклучникот, туку веднаш да
се замени кабелот во овластен SKIL сервис или
мрежната приклучница
• Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку веднаш да се замени
• Никогаш не ги расклопувајте ниту заменувајте
полначот или батеријата
• Не се обидувајте со полначот да ги полните
батериите што не се предвидени за полнење
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА ПОЛНАЧОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Користете го полначот само во затворен простор
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Не го фрлајте полначот во домашниот отпад
7 Не ја фрлајте батеријата во домашниот отпад
УПОТРЕБА
• Полнење на акумулаторска батерија 8
- акумулаторските батерии на новите апарати не се
потполно наполнети
- полначот приклучете го на мрежен напон
(зелената светилка G се вклучува посочувајќи
дека алатот е вклучен во струја)
- батеријата ставете ја во полначот
- црвената лампичка G ќе трепка што посочува дека
батеријата се полни
- батеријата целосно ќе се наполни по околу 1 час и
црвената сијаличка H свети постојано по
трепкањето кога полначот автоматски се префрла
во полнење заради одржување
- ако црвената сијаличка H започне да трепка бргу,
тоа значи дека батеријата треба да се исчисти или
смени
! откако батеријата ќе се наполни треба да се
извади од полначот, со што се продолжува
векот на траење на батеријата
ВАЖНО:
- при полнење полначот и батеријата се загреваат;
тоа е нормално и не претставува никаков проблем
- надворешните површини на батеријата треба да
бидат суви и чисти, пред да се стави батеријата во
полначот
108