Македонски; Општи Безбедносни Напомени - Bosch EXAConnecT II + I/O-Module II Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 53
OBJ_BUCH-816-001.book Page 317 Wednesday, October 30, 2013 2:06 PM
Македонски
Безбедносни напомени
Општи безбедносни напомени
Прочитајте ги сите
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од
непридржување до безбедносните напомени и упатства
може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за
користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат" во напомените за безбедност се
однесува на електрични апарати што користат струја (со
струен кабел) и електрични апарати што користат батерии
(без струен кабел).
Безбедност на работното место
 Работниот простор секогаш треба биде чист и добро
осветлен. Неуредниот и неосветлен работен простор
може да доведе до несреќи.
 Со системот за зашрафување базна станица
EXAConnecT, I/O-модули и индустрискиот батериски
одвртувач BT-EXACT/ BT-ANGLE EXACT не работете
во околина каде постои опасност од експлозија, и
каде има запаливи течности, гасови или прав.
Електричните апарати создаваат искри, кои може да го
запалат правот или пареата.
Безбедност од електричен удар
 Избегнувајте физички контакт со заземјените
површини на цевки, радијатори, шпорет и
фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен
удар, доколку Вашето тело е заземјено.
 Не го користите кабелот за друга намена, за носење,
закачување на базичната станица, I/O-модулот или
електричниот апарат, или да го влечете приклучокот
од ѕидната дозна. Држете го кабелот подалеку од
топлина, масло, остри рабови или подвижните
компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел
го зголемува ризикот за електричен удар.
Безбедност на лица
 Бидете внимателни како работите и разумно
постапувајте со системот за зашрафување. Не го
користете системот за зашрафување, доколку сте
уморни или под влијание на дрога, алкохол или
лекови. Еден момент на невнимание при користење на
системот за зашрафување може да доведе до сериозни
повреди.
Bosch Power Tools
Користење и ракување со системот за зашрафување
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца системите
за зашрафување кои не ги користите. Овој систем за
зашрафување не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Системите за зашрафување се опасни,
доколку ги користат неискусни лица.
 Користете ги системите за зашрафување, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на системите за зашрафување за друга
употреба освен наведената може да доведе до опасни
ситуации.
Безбедносни напомени за базни станици и
модули за проширување
 ОПАСНОСТ! Внимавајте на тоа, базната станица и
I/O-модулот да не се приклучени на напојување со
струја, пред да ги отворите. Базната станица мора
целосно да биде без напон, инаку постои опасност од
електричен удар.
 Држете ги базната станица и I/O-модулот подалеку
од дожд и влага. Навлегувањето на дожд и влага во
базната станица или I/O-модулот го зголемува ризикот
од електричен удар.
 Одржувајте ја чистотата на базната станица и I/O-
модулот. Доколку се извалка, постои опасност од
електричен удар.
 Пред секое користење, проверете ги базната
станица, I/O-модулот, кабелот и приклучокот. Не ги
користете базната станица и I/O-модулот, доколку
забележите оштетување. Тие смеат да се поправаат
само од страна на квалификуван стручен персонал
со оригинални резервни делови. Оштетените базни
станици, I/O-модули, кабел и приклучок го зголемуваат
ризикот за електричен удар.
 Поради комплексноста, приклучокот на базната
станица EXAConnecT и надворешните уреди
(компјутер, I/O-модул, сигнална сијаличка, скенер,
итн.) смеат да се изведат само од страна на
школуван електро/информатички техничар. Инаку
безбедноста на лицето што ги користи и заштитата на
уредите не е загаранатирана.
 Прочитајте ги и внимавајте на безбедносните и
работните напомени во упатството за употреба за
одвртувачот што го користите
BT-EXACT/BT-ANGLE EXACT.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Македонски | 317
3 609 929 C48 | (30.10.13)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0 602 491 0030 602 491 004Exaconnect iiI/o-module ii

Tabla de contenido