Bosch EXAConnecT II + I/O-Module II Manual Original página 326

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 53
OBJ_BUCH-816-001.book Page 326 Wednesday, October 30, 2013 2:06 PM
326 | Македонски
Подесување на DIP-прекинувачот
(види слика L)
– Извадете го сервисниот поклопец 7 (види
„Приклучување", страна 320).
На тој начин ќе пристапите до DIP-прекинувачот 16.
Подесување на прекинувачот
Прекинувач Опис
1
ON
Нормална работа на базната
станица.
1
OFF Базната станица може да се постави
на IP-адресата 10.10.10.10. Ова се
препорачува, доколку сакате да
извршите одржување или сервис.
2
Моментално не е зафатена.
Промена на батеријата за резервно
напојување (види слика M)
Батеријата за резервно напојување служи при напојување
во итни случаи на базната станица, за да може да се
зачуваат пренесените податоци.
Ова подразбира, дека е вметната јака батерија за
резервно напојување и е активирана преку сервисната
алатка (види го упатството за сервисна алатка).
Доколку се намали јачината на батеријата за резервно
напојување, на екранот 6 на базната станица се појавува
статусниот код EO (види „Статусен код", страна 328).
Заменете ја батеријата за резервно напојување уште за
време на работата, инаку постои опасност од губење на
податоци.
– Извадете го поклопецот за одржување 8 (види
„Приклучување", страна 320).
 Не ги допирајте деловите од базната станица што
спроведуваат напон, доколку за време на работата
сте го извадиле сервисниот или поклопецот за
одржување. Постои опасност од електричен удар.
– Извадете ја старата батерија 15 и ставете нова 1,5 V
стандардна микро ќелија AAA.
При ставањето на батеријата, внимавајте на половите
според сликата.
Менување на копчестата батерија за
часовникот за реално време (види слика N)
Литиумската батерија (3 V, CR 2032) служи за
перманентно напојување со струја на часовникот за
реално време (Real Time Clock, RTC).
– Разделете ја базната станица од напојувањето со струја.
– Извадете го сервисниот поклопец 7 (види
„Приклучување", страна 320).
– Свртете го заштитниот држач на страна и извадете ја
искористената копчеста батерија 20 од лежиштето 21.
– Ставете нова копчеста батерија во лежиштето и
внимавајте точно да ги поставите половите 21, додека
не кликне држачот над страничниот раб на копчестата
батерија.
3 609 929 C48 | (30.10.13)
– Повторно зашрафете го сервисниот поклопец 7 со
шрафовите со крстест жлеб 2 на куќиштето на базната
станица.
– Поврзете ја базната станица со напојувањето со струја.
– Во софтверот за конфигурација изберете го
табулаторот EXAConnecT.
– Кликнете на копчето Setup.
▷ Ќе се прикаже прозорецот EXAConnecT Setup.
– Изберете го табулаторот Access Point Parameter.
– Во полето Clock Time Adjustment внесете го
актуелниот датум и актуелното време на часовникот
или изберете ја опцијата Taking over Date/Time from
PC.
– Во прозорецот EXAConnecT Setup кликнете на копчето
OK.
Употреба
Ставање во употреба на базната станица
 Прочитајте ги и внимавајте на упатствата за
употреба на индустриските батериски одвртувачи
(BT-EXACT/BT-ANGLE EXACT). Пред да може да ги
регистрирате зашрафувањата на базната станица, мора
да ја ставите наполнетата батерија во соодветниот
одвртувач.
Доколку притиснете еднаш на стартот за активација,
одвртувачот е во режим на подготовка. Ова се прикажува
со црвеното трепкаво BT-LED светло на одвртувачот.
– Отворете веб-пребарувач и во полето за адреса
внесете http://10.10.10.10.
▷ Софтверот ќе се вчита.
– Доколку е потребно, потврдете го сертификатот за
безбедност.
– Изберете го табулаторот EXAConnecT.
– Кликнете на копчето Setup.
▷ Ќе се прикаже прозорецот EXAConnecT Setup.
– Изберете го табулаторот Screwdrivers, за да влезете во
менито за пријавување.
– Кликнете на копчето Search.
▷ Сите одвртувачи што се наоѓаат во режим на
подготовка (макс. 25) се прикажани на левата
страна. Ова може да трае до 30 секунди.
– Одберете одвртувач кој сакате да го пријавите и потоа
кликнете на копчето Connect.
▷ Одвртувачот ќе се прикаже на десната страна.
– Во прозорецот EXAConnecT Setup кликнете на копчето
OK.
▷ На одвртувачот ќе се прикаже врската со трајно
светење на BT-LED светлото.
Одвртувачот сега е блокиран.
– Изберете го табулаторот Overview.
▷ Одвртувачот ќе се прикаже во правоаголно поле со
ознака (види слика O).
▷ За секој пријавен одвртувач дополнително ќе се
прикаже еден табулатор сериски број [индекс на
одвртувач (0-6)] (на пр. 0000001 [0]) (види слика
O).
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0 602 491 0030 602 491 004Exaconnect iiI/o-module ii

Tabla de contenido