ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
6
• Проветрете ја просторијата на производот од време на време кога го користите
заедно со печка, или елемент за греење и др. Може да настане недостаток на
кислород и така да го оштети вашето здравје.
• Ако производот нема да се користи подолго време, исклучете ја приклучницата или
исклучете го осигурувачот. Постои опасност од оштетување на производот или
дефект или ненамерно работење.
• Водете грижа никој, а особено не деца, да згазнуваат или паѓаат врз надворешната
единица. Тоа може да доведе до телесна повреда или оштетување на производот.
• Погрижете се струјниот кабел да не може да се истеглува или оштетува за време на
работа. Постои опасност од пожар или струен удар.
• Да не ставате НИШТО врз струјниот кабел. Постои опасност од пожар или струен
удар.
• Ако истече запалив гас, исклучете го гасот и отворете прозорец за вентилација пред
да се вклучи производот. Да не го користите телефонот или да ги вклучувате или
исклучувате прекинувачите. Постои опасност од експлозија или пожар.
• Проветрувајте доволно кога клима уредот и апарат за греење како на пример грејач
се користат истовремено. Инаку може да настане пожар, сериозна повреда или
дефект на производот.
• Периодично (повеќе од еднаш годишно) чистење на прашината или на честичките
сол, коишто се заглавуваат на разменувачот на топлина, преку употребата на вода.
• Инсталацијата на цевководот треба да се одржува на минимум.
• Кога механичките приклучоци повторно се употребуваат во затворен простор,
запечатените делови треба да се обноват.
• Кога споени парчиња повторно се користат внатре, споените делови треба да бидат
(за R32)
префабрикувани.
ВНИМАНИЕ
!
Монтирање
• Двајца или повеќе луѓе мора го подигнат и транспортираат производот. Избегнувајте
телесна повреда.
• Да не го монтирате производот на место каде ќе биде директно изложен на морска
вода (прскање на сол). Може да предизвика корозија на производот.
• Монтирајте го цревото за одвод за да обезбедите правилен одвод на кондензираната
вода. Лошо поврзување може да предизвика истекување на вода.
• Нивото треба да биде рамно кога го монтирате производот. За да избегнете
вибрации или бучава.
• Да не го монтирате производот на места каде бучавата или топлиот воздух од
надворешната единица може да го оштетат или да му наштетат на соседството. Тоа
може да предизвика проблем на вашите соседи и да доведе до спор.
• Секогаш проверете да нема истекување на гас (средство за ладење) по монтирање
или поправка на производот. Ниските нивоа на средство за ладење може да
предизвикаат дефект на производот.
(за R32)