Hitachi F43E4200 Manual De Instrucciones página 713

Tabla de contenido

Publicidad

функција. Притиснете и држете го копчето за да
го деактивирате. Бојата на иконата на функцијата
се менува кога е деактивирана.
• За да го затворите менито со опции на функции
, не притискајте го копчето во период од околу 5
секунди. Ќе исчезне менито со опции на функции.
Исклучување на ТВ-уредот: Притиснете го
командното копче за да се прикаже мениот со
опции на функции, фокусот ќе биде на опцијата
Мирување. Притиснете и држете го копчето околу
2 секунди за да ја активирате оваа опција Бојата на
иконата на функцијата се менува кога е активирана.
Потоа притиснете го повторно копчето за да го
исклучите ТВ-уредот.
За да го вклучите ТВ-уредот; Притиснете го
командното копче, ќе се вклучи ТВ-уредот.
За да ја смените јачината на звукот: Притиснете
го командното копче за да се прикаже менито со
опции на функции и потоа притискајте го копчето
постојано за да го пренесете фокусот на опцијата
Јачина на звук + или Јачина на звук - Притиснете
и држете го копчето околу 2 секунди за да ја
активирате избраната опција Бојата на иконата
на функцијата се менува кога е активирана. Потоа
притиснете го копчето за да ја зголемите или
намалите јачината на звукот.
За да го смените каналот: Притиснете го
командното копче за да се прикаже менито со
опции на функции и потоа притискајте го копчето
постојано за да го пренесете фокусот на опцијата
Програма + или Програма - Притиснете и држете
го копчето околу 2 секунди за да ја активирате
избраната опција Бојата на иконата на функцијата
се менува кога е активирана. Потоа притиснете го
копчето за да се префрлите на списокот канали на
следниот или претходниот канал.
За да го смените изворот: Притиснете го
командното копче за да се прикаже менито со
опции на функции и потоа притискајте го копчето
постојано за да го пренесете фокусот на опцијата
Извор. Притиснете и држете го копчето околу 2
секунди за да ја активирате оваа опција Бојата на
иконата на функцијата се менува кога е активирана.
Потоа притиснете го повторно копчето за да се
прикаже списокот извори.. Лизгајте низ достапните
извори со притискање на копчето. ТВ-уредот
авторматски ќе се префрли на обелжаниот извор.
Забелешка: OSD на главното мени не може да се
прикаже со командното копче.
Ракување со далечинскиот управувач
Притиснете на копчето MENU на далечинскиот
управувач за да се прикаже екранот на главното
мени. Користете ги копчињата за насоки и коплето
ОК за навигирање и за поставување. Притиснете
на копчето Return/Back или MENU за да излезете
од екран со мени.
Избор на влез
Штом ќе поврзете надворешни системи на ТВ-
уредот, може да се префрлувате на различни
извори на влезови. Притискајте го копчето SOURCE
на далечинскиот управувач последователно за да
изберете различни извори.
Менување канали и јачина на звук
Можете да го смените каналот и да го прилагодите
звукот со копчињата Јачина на звук +/- и
Програма +/- на далечинскиот управувач.
Користење на главното ТВ-мени
Кога ќе се притисне копчето Мени, се појавува
главното ТВ-мени на дното на екранот. Може
да навигирате низ елементите во менито со
копчињата за насока на далечинскиот управувач.
За да изберете елемент или да ги видите опциите
на подменито на означеното мени, притиснете го
копчето ОК. Кога ќе означите опција на менито,
некои од елементите на подменито на ова мени
може да се појават на гоната страна на лентата на
менито за брз пристап. За да користите елемент со
брз пристап, означете го, притиснете ОК и изберете
поставки со копчињата за насока Лево/Десно. Кога
ќе завршите, притиснете го копчето ОК или копчето
Назад/Врати се за да излезете.
За да го затворите главното мени, притиснете го
копчето Излези.
1. Почеток
Кога ќе се отвори главното мени, ќе биде означена
лентата за мени Почетна страница. Содржината
на менито Почеток може да се приспосови со
додавање на опциите од други менија. Само
означете опција и притиснете го копчето за насока
надолу на далечинскиот управувач. Ако видите
опција Додај на почетната страница, може да ја
додадете на менито Почетно. На ист начин може
да ја избришете или смените позицијата на кој
било елемент во менито Почеток. Притиснете
го копчето за насока надолу и изберете ја
опцијата Избриши или Помести и притиснете
ОК. За да поместите елемент од менито, користете
ги копчињата за насока Десно и Лево и изберете
ја позицијата на која сакате да го поместите
елементот и притиснете ОК.
2. Пребарување
Можете да пребарувате за Канали, Водич,
ТВ-менија, Апликации, Веб, YouTube и Видеа
користејќи ја оваа опција. Притиснете ОК и
внесете клучен збор со виртуелната тастатура.
Потоа, обележете ОК и притиснете ОК за да почне
пребарувањето. Резултатот ќе се прикаже на
екранот. Изберете го саканиот резултат со копчиња
за насока и притиснете ОК за да отворите.
Македонски - 7 -

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido