Hitachi F43E4200 Manual De Instrucciones página 723

Tabla de contenido

Publicidad

Не исклучувајте го USB/HDD за време на снимање.
Ова може да го оштети поврзаниот USB/HDD.
Ако напојниот кабел биде исклучен при активнен
тајмер за УСБ снимање, тајмерот ќе биде откажан.
Достапна е поддршка на повеќе партиции. Не се
поддржуваат повеќе од две различни партиции.
Првата партиција на дискот USB се користи за
готови функции за USB-снимање. Исто така мора
да биде форматирана како примарна партиција
за да биде користена за готови функции за USB-
снимање.
Некои стримувани пакети нема да бидат снимени
заради проблеми со сигналот, па понекогаш видеото
може да се замрзне за време на репродуцирањето.
Копчињата Снимај, Репродукција , Пауза, Приказ
(за PlayListDialog) не може да се користат
кога е вклучен телетекстот. Ако снимањето
почнува од тајмер кога телетекстот е вклучен,
телетекстот автоматски ќе се исклучи. Не може да
се користи телетекстот кога е во тек снимање или
репродуцирање.
Додека снимате програма во заднина, можете
да користите опции од менито, да преминете на
друг избор или да ги користите функциите на
прелистувачот на медиуми, како на пример,
прегледувањето слики, репродуцирањето видео
и музички датотеки, дури и да ја репродуцирате
тековната снимка.
Снимање програма за прегледување подоцна
Притиснете на копчето PAUSEдодека се емитува
програмата за да се префрлите на режим за
прегледување подоцна. Во режимот за временско
поместување, програмата се паузира и се снима
на поврзаниот диск USB.
Притиснете го повторно копчетоРепродукција за
да ја гледате паузираната програма од моментот
на стопирање. Притиснете го копчето Стоп за да
го запрете снимањето за прегледување подоцна и
да се вратите на преносот во живо.
Прегледувањето подоцна не може да се користи
на радио.
Можете да ја користите одликата за брзо напред
на снимањето за прегледување подоцна пред да
продолжите со опцијата нормала репродукција
или брзо напред.
Инстантно снимање
Притиснете на копчето Record за да започнете со
снимање на некоја програма додека ја гледате.
Притиснете на копчетоSTOP за да го запрете
инстантното снимање.
Не можете да сменувате програми во текот на
снимањето. За време на снимање програма или за
време на снимањето со временско поместување,
на екранот ќе се појави предупредувачка порака
доколку брзината на вашиот УСБ-уред не е
доволна.
Гледање на сниманите програми
Изберете ја Снимки од менито ТВ. Одберете
снимка од листата (ако претходно имало снимено).
Притиснете на OK за да го видите менито Опции.
Изберете опција и притиснете го копчето OK.
Забелешка: За време на плејбекот главното мени и
опциите на мените нема да бидат достапни.
Притиснете на копчето Стоп (Stop) за да го
запрете репродуцирањето и да се вратете на
Снимки.
Бавно напред
Ако притиснете на Пауза (Pause) додека гледате
некоја снимена програма, опцијата за одење бавно
напред ќе биде достапна. Можете да го користите
копчето Брзо напред (Fast Forward) за да одите
бавно напред. Со консекутивно притискање на
копчето Брзо напред ќе ја смените брзината на
бавно движење напред.
Поставки за снимање
Можете да ги конфигурирате и своите преференции
за снимање табулаторот Поставки во менито ТВ-
уред>Снимки. Означете го табулаторот Поставки
со копчето Лево или Десно и притиснете ОК. Потоа
изберете го саканиот елемент во подмениот и
поставете го со кочето Лево или Десно.
Почни порано: Со оваа опција може да го
поставите времето на почеток на тајмерот за
снимање да почне порано.
Заврши подоцна: Со оваа поставка може да
го поставите времето на почеток на тајмерот за
снимање да заврши подоцна.
Max Timeshift: Поставката ви дозволува да го
поставите времето кое е максимум дозволено
за снимање за подоцнежно гледање. Достапните
опции се произволни и вистинското времетраење
на снимањето може во пракса да се смени,
во зависност од емитувањето. Резервираните
вредности и тие на слободниот простор за
складирање ќе се сменат во согласност со оваа
поставка. Проверете дали имате доволно слободен
простор, инаку нема да биде возможно инстант
снимање.
Автоотфрлање: Може да го поставите видот
Отфрлање на Никакво, Најстаро, Најдолго
или Најкратко. Ако не е поставено на Никакво,
може да ја поставите опцијата Нерепродуцирано
на Додадено или Недодадено. Овие опции
ги определуваат преференциите за бришење
на снимките за да се добие повеќе простор за
складирање за тековни снимки.
Информации за хард дискот: Може да гледате
детални информации за УСБ-уредот за скалдирање
поврзан со вашиот ТВ-уред. Означете и притиснете
ОК за да видите и притиснете Назад/Врати се за
да затворите.
Македонски - 17 -

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido