Hitachi F43E4200 Manual De Instrucciones página 721

Tabla de contenido

Publicidad

Земја што ги направивте во претходните чекори
на процесот за прва инсталација. Во зависност од
видот М7-оператор може да ви биде побарано да
изберете HD/SD или листа на канали за земјата.
Изберете една и притиснете OK за да продолжите.
Почекајте додека да заврши скенирањето. Сега,
листата е инсталирана.
Кога правите инсталација на М7-оператор,
користите параметри за сателитска инсталација
што се разликуваат од стандардните поставки,
изберете ја опцијата Претпочитано скенирање и
во неа Мануелно скенирање канали и притиснете
го копчето ОК за да продолжите. Прво ќе се прикаже
менито Вид антена. По избирање на видот антена
и саканиот сателит во следните чекори, притиснете
ОК за да ги смените параметрите за инсталирање
на сателитот во подменито.
Почнете инсталација Fransat. Поставете го Видот
инсталација на Оператор, а потоа поставете го
Сателитскиот оператор како сооодветен оператор
Fransat. Притиснете го копчето ОК за да започне
инсталацијата Fransat. Можете да изберете
автоматска или мануелна инсталација.
Притиснете го копчето OK за да продолжите. Ќе се
направи инсталација Fransat и ќе бидат складирани
емитувањата (ако постои можност).
Ако го поставите Видот инсталација како
Стандарден, можете да продолжите со нормална
сателитска инсталација и да гледате сателтиски
канали.
М о ж е т е
д а
п о ч н е т е
F r a n s a t к о г а б и л о п о д о ц н а о д м е н и т о
Поставки>Инсталација>Автоматско скенирање
канали> Сателит
За да ги пребарувате сателитските канали што
не се канали M7, треба да почнете стандардна
инсталација. Изберете Вид инсталација, па
Стандардна, а потоа притиснете го копчето ОК за
да продолжите.
Опција на Tivusat
Можете да пребарувате и да складирате канали
Tivibu ако е вклучена опцијата за пребарување
на Сателитското емитување. Пред да почне
пребарувањето канали, ќе се прикаже мени на
кое можете да изберете да почнете инсталација
на Tivibu-к анали. Поставете го Типот на
инсталирање на Оператор и потоа поставете
го Операторот на сателити соодветно. Притиснете
го копчето OK за да продолжите. Телевизорот
ќе започне со пребарување на сите достапни
емитувања..
Ако сакате каналите да се сортираат
Забелешка:
во претходно избран редослед на Tivusat,
поставете го сателитот на Hotbird на 13.0º исток
(13.0E) по избирање на видот антена.
и н с т а л а ц и ј а
Македонски - 15 -
Ако изберете Стандарден за Вид инсталација
и притиснете ОК, прво ќе се појави менито
за Вид антена. Има три опции за избор на
антена. Можете да го изберете видот антена
како директна, сателитска-еднокабелска или
DiSEqC-прекинувачсо копчињата Лево или Десно.
Откако ќе го изберете видот антена, притиснете
ОК за да ги видите опциите за да продолжите. Ќе
бидат достапни опциите Продолжи, Список на
транспондери и Конфигурирај LNB. Може да ги
смените поставките за транспондерот и за LNB со
овие соодветните опции на менито.
• Директна: Ако имате единствен приемник и
директна сателитска сферна антена, изберете го
овој вид антена. Притиснете ОК за да продолжите.
Изберете активиран сателит на следниот екран
и притиснете ОК за да се скенираат услугите.
• Сателитска-еднокабелска: Ако имате повеќе
приемници и сателитски-еднокабелски систем,
одберете го овој вид антена. Притиснете ОК за
да продолжите. Конфигурирајте ги поставките
следејќи ги упатствата на следниот екран.
Притиснете ОК за да ги скенирате сервисите.
• DiSEqC-прекинувач: Ако имате повеќе сателитски
чинии и DiSEqC-прекинувач, изберете го овој вид
антена. Потоа, поставете на верзијата DiSEqC
и притиснете ОК за да продолжите. Може да
поставите до четири сателити (ако се достапни) за
верзијата v1.0 и шеснаесет сателити за верзијата
v1.1 на следниот екран. Притиснете го копчето ОК
за да го скенирате првиот сателит на списокот.
Аналогно: Ако е вклучена опцијата за пребарување
аналогно емитување, ТВ-уредот ќе пребарува
аналогни емитувања откако ќе се направат
иницијалните поставки.
Ќе се прикаже дијалог екран кој прашува за
активирање на родителската контрола. Ако
изберете Да, ќе се прикажат опциите за родителски
забрани. Конфигурирајте според желба и
притиснете ОК кога ќе завршите. Изберете Не и
притиснете OK за да продолжите ако не сакате да
ги активирате родителските забрани.
По завршувањето на иницијалните поставки,
ТV-уредот ќе почне да ги бара активираните
емитувања за избраните видови емитување.
Додека трае пребарувањето, тековните резултати
од скенирањето ќе се прикажат на дното на екранот.
По зачувувањето на сите активни станици, ќе се
прикаже менито Канали. Можете да го менувате
списокот канали според вашите претпочитувања
со опциите Уреди или притиснете го копчето Menu
за да прекинете и да гледате телевизија.
Додека трае потрагата, може да се појави порака
која прашува дали сакате да ги распоредите
каналите според ЛКБ (*). Изберете ДА и притиснете
на OK за да потврдите.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido