Skil F0150750 Serie Manual Original página 139

Tabla de contenido

Publicidad

УПОТРЕБА
• Полнење на акумулаторска батерија $
- акумулаторските батерии на новите апарати не се
потполно наполнети
! откако батеријата A ќе се наполни треба да се
извади од полначот B, со што се продолжува
векот на траење на батеријата
ВАЖНО:
- по 3 часа, операцијата за полнење ќе заврши и
батеријата може да се користи, иако црвената
лампичка се уште може да свети (црвената
лампичка се гасне по полнење од повеќе од 3
часа)
- при полнење полначот и батеријата се загреваат;
тоа е нормално и не претставува никаков проблем
- надворешните површини на батеријата треба да
бидат суви и чисти, пред да се стави батеријата во
полначот
- кај температури пониски од 0°C и повисоки од
45°C треба да се избегнува полнење; со тоа може
да се оштети полначот и акумулаторската
батерија
- батеријата не смее да се вади во текот на
работата на апаратот
! новата акумулаторска батерија или онаа што
не се користела подолго време, ќе даде свој
полн ефект приближно по 5 циклуси полнење/
празнење
- акумулаторската батерија не смее повторно да се
полни по секоја кратка работа; тоа може да
резултира со скратување на нејзиниот век на
траење и намалување на ефикасноста на
акумулаторската батерија
- доколку не го користете уредот подолго време,
извлечете го мрежниот приклучок на полначот од
приклучницата
• Безбедносен прекинувач за вклучување/
исклучување %
Спречува машината да се вклучи случајно
- вклучете ја машината прво со притискање на
безбедносниот прекинувач C 2 и потоа повлечете
го прекинувачот за активирање D 2
- исклучете ја машината со пуштање на
прекинувачот за активирање D
- оддалечете ја машината од областа за сечење
пред да ја исклучите
! по исклучување на машината, сечивото
продолжува да се движи уште неколку
секунди
• Промена на сечивото ^
! извадете ја батеријата од машината
! носете заштитни ракавици
- свртете го алатот наопаку
- притиснете го копчето за ослободување E
- лизнете го заштитниот капак F во истиот правец
со стрелката отпечатена на капакот и подигнете
го од куќиштето
! внимавајте при подигнување на заштитниот
капак; сечивото на ножиците за грмушки може
да падне неочекувано
- подигнете го сечивото G или H извлечете го и
поставете го потребното сечиво како што е
прикажано на сликата
- поставете го заштитниот капак F и лизнете го кон
сечивото за да се заклучи копчето
• Држење и насочување на алатот
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја &
- заземете стабилна позиција за работа
- држете ја другата рака подалеку од сечивата
• Поткастрување жива ограда *
- прво поткастете ја живата ограда од страните (од
долу нагоре) и потоа сечете го горниот дел
- поткаструвајте ја страната на живата ограда така
што таа да биде делумно потесна горе
- користете рачна пила или макази за кастрење за
да ги отсечете подебелите гранки
- сечивото за грмушки на ножиците, H како и
сечивото за трева G може да се користат за
поткастрување жива ограда
• Поткастрување трева и грмушки (
- започнете да работите во фази одгоре кога сечете
висока трева и сечете по малку
- сечете само сува трева за најдобри резултати
- држете ја машината подалеку од цврсти предмети
за да ги заштитите сечивата од прекумерно абење
- сечивото за трева на ножиците G може да се
користи и за поткастрување грмушки
СОВЕТи ЗА ПРиМЕНА
• За поткастрување жива ограда со изедначена
висина
- затегнете конец долж живата ограда на саканата
висина
- поткастрете ја живата ограда токму над конецот
• Препорачано време за сечење/поткастрување
(западна Европа)
- поткаструвајте ја живата ограда со листопадни
лисја во јуни и октомври
- поткаструвајте ја зимзелената жива ограда во
април и август
- поткаструвајте ги зимзелените дрва и другите
брзо растечки грмушки секои 6 седмици од мај до
октомври
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВиСиРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Одржувајте ги машината, полначот и сечивата чисти
! пред чистењето на полначот треба да се
извлече неговиот мрежен приклучок
! секогаш вадете ја батеријата пред чистење
- чистете ја машината со влажна крпа (не користете
средства за чистење или растворувачи)
- чистете ги отворите за вентилација J 2 редовно,
со четка или компресиран воздух
- по употреба, секогаш внимателно исчистете и
делумно подмачкајте ги сечивата за косење
! носете ракавици кога ракувате или ги чистите
сечивата
139

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0750

Tabla de contenido