Bosch UniversalHammer 18V Manual Original página 164

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 27
164 | Македонски
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Дополнителна рачка
Осигурајте се дека дополнителната рачка е
u
секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на
работата може да ја изгубите контролата врз вашиот
електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (15) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
– Олабавете ја пеперутка-завртката (14) на
дополнителната рачка (15) и навалете ја рачката (15)
во саканата позиција. Потоа повторно затегнете ја
пеперутка-завртката (14) на дополнителната
рачка (15).
Внимавајте, стезниот прстен на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребни ви се SDS plus-
алати, кои се вметнуваат во SDS plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за завртување, се користат алати без SDS
plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие
алати потребна ви е запчеста глава за дупчење.
Напомена: Запчестата глава за дупчење користете ја
само во режимот на работа Дупчење без удари.
Менување на главата за дупчење
Вметнување/вадење на запчестата глава
За да може да работите со алати без SDS plus (на пр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или
брзозатегнувачка глава за дупчење, опрема).
Вметнување запчеста глава за дупчење
(види слика B)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат (18) и малку намастете го.
– Запчестата глава за дупчење (17) со отворот за
прифат (18) ставете ја со вртење во прифатот за алат,
додека самата не се заклучи.
– Проверете го заклучувањето со повлекување на
запчестата глава за дупчење (17).
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (3) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
1 609 92A 6K0 | (20.05.2022)
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (3) е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат (SDS-plus)
Ставање на SDS-plus-алатот за вметнување (види
слика C1)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно да го замените алатот што се вметнува без
користење на дополнителни алати.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
C2)
– Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Вметнување на битови за одвртувач (види
слика D)
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
За користење на битовите за одвртувач потребен ви е
универзален држач (19) со SDS-plus-вратило за прифат
(опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот
држач. Користете само битови што се соодветни на
главата за завртување.
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја
чаурата за заклучување (4) наназад и извадете го
универзалниот држач (19) од прифатот за алат.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido