МАКЕДОНСКИ - Превод на оригиналните упатства
Достапнo е комплетнo упатство за машината и моторот:
▷ на веб-страницата
▷ со скенирање на QR-кодот
ВНИМАНИЕ: ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО ОВА УПАТСТВО ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ МАШИНАТА.
Зачувајте за секое идно навраќање
1.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
1.1. ОБУКА
Запознајте се со командите и правилното
користење на машината. Научете брзо да
го запирате моторот. Непридржувањето кон
предупредувањата и кон упатството може да
предизвикаат изгореници и/или сериозни
повреди.
• Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат
машината, или други лица што не ги знаат основните
упатствата. Л окалните з аконски п рописи ј а о дредуваат
минималната возраст на корисникот.
• Никогаш не користете ја машината доколку
корисникот е в о с остојба н а з амор или и знемоштеност,
или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни
супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено
реагирање или внимание,
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста по други лица или нивниот
имот. Во опсегот на одговорности на операторот
спаѓа и проценката на можните ризици на теренот
каде треба да се работи и затоа преземете ги сите
неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате
својата, но и безбедноста на другите особено на
закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има
други лица, проверете дали корисникот ги почитува
упатствата што се содржани во ова упатство.
1.2. ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон
против лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте ја
машината со боси нозе или отворени сандали. Носете
заштитни слушалки за слухот.
• Носете ракавици за работа во сите ситуации каде
има ризик за рацете.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни,
облека со лелеави делови или со врвки и врски и
слични д одатоци ш то в исат и ли с е д олги и б и м ожеле да
се закачат за машината или за предмети и материјали
кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
Област за работа/машина
• Проверете ја темелно целата површина за работа и
отстранете сè што би можело да биде исфрлено од
машината и да ги оштети уредот за сечење/ротирачки
делови (камења, гранки, железни остатоци, коски,
итн.).
stiga.com
Мотор со согорување: гориво
Горивото е лесно запаливо.
• Конзервирајте го горивото во соодветни контејнери
за таа намена, на безбедно место, подалеку од извор
на топлина или отворен оган.
• Не оставајте на контејнерите остатоци од трева
или лисја
• Не оставајте го контејнерот на дофат на деца.
• Не пушете додека полните или дополнувате гориво
и секојпат кога работите со горивото.
• Дополнувајте гориво со инка и на отворено.
• Избегнувајте да ги вдишувате испарувањата од
горивото.
• Никогаш не отворајте го капачето на резервоарот
или не дополнувајте гориво додека моторот работи
или е уште загреан.
• Полека о творете г о к апачето н а р езервоарот о ставајќи
внатрешниот притисок постепено да испари.
• Не приближувајте извори на отворен оган до
резервоарот за да ја проверите содржината.
• Ако се истури гориво, немојте да го палите моторот,
туку прво отстранете ја машината од местото на
истурање и избегнувајте палење на оган додека не
испари целото истурено гориво.
• Веднаш исчистете го секој остаток од истуреното
гориво од машината или од местото на истурање.
• Секогаш докрај затворајте го капачето на резервоарот
и на садовите со гориво.
• Не палете ја повторно машината на место каде се
долевало гориво; вклучувањето на моторот треба
да се одвива на најмалку 3 метри оддалеченост од
местото каде се извршило полнењето на горивото.
• Избегнувајте контакт на горивото со делови од
облеката и, доколку тоа се случи, пресоблечете се
пред да го запалите моторот.
1.3. ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
• Не палете го моторот во затворен простор каде може
да се соберат опасни јаглерод моноксидни гасови.
Операциите за палење треба да се изведат на
отворено или во простор којшто добро се проветрува.
Запомнете дека издувните гасови се отровни.
• Кога ја палите машината, не насочувајте го
придушувачот, а со тоа и издувните гасови кон
запаливи материи.
• Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко о светление и п ри у слови н а д обра в идливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа
за работа. Неопходно е децата да бидат под надзор
на друго возрасно лице.
• Избегнувајте да работите на мокра трева, кога
МК - 1
Download full manual
stiga.com