134 | Македонски
– За да го исклучите всисувачот,
поставете го прекинувачот за
избирање на режими на работа (5) на
симболот „исклучување".
Влажно всисување
Со всисувачот не всисувајте запаливи или
u
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не всисувајте
жешка, запалива или експлозивна прав. Не го
користете всисувачот во простории каде постои
опасност од експлозија. Правта, пареата или
течностите може да се запалат или да експлодираат.
Всисувачот не смее да се користи како водена
u
пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на
мешавини од воздух и вода.
Пред било каква интервенција на всисувачот,
u
извлечете го струјниот приклучок од
приклучницата.
Работни чекори пред започнување на влажно
всисување
– Отворете ги капаците (8) и извадете го горниот дел од
всисувачот (7).
– Пред влажно всисување, отстранете ја ќесата за
прав (29), на вреќастиот филтер (32) и испразнете го
садот (1).
– Исчистете го филтерот (33).
– Ставете го горниот дел на всисувачот (7) повторно и
затворете ги капаците (8).
– AdvancedVac 20: Вметнете ја гумената лента (23) во
подната млазница (21).
Всисување течности
Всисувачот е опремен со пловка. Кога ќе се достигне
максималното ниво на полнење, капацитетот на
всисување се намалува. Веднаш исклучете го всисувачот
(прекинувач за вклучување/исклучување (5)/
прекинувач за избирање на режими на работа (5) на
симболот „всисување").
– Испразнете го садот (1).
AdvancedVac 20: Испразнете го садот преку отворот
за излез за течности (2).
Работни чекори по започнување на влажно всисување
За да избегнете формирање мувла по влажното
всисување:
– Извадете го горниот дел од всисувачот (7) и оставете
добро да се исуши.
– Извадете го филтерот (33) и оставете го добро да се
исуши
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
1 609 92A 7UL | (17.01.2023)
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
При сервис и чистење на всисувачот користете
u
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Чистење/замена на филтерот (види слики F1−F4)
Моќта на всисување зависи од состојбата на филтерот.
Затоа, редовно чистете го филтерот.
Веднаш заменете го оштетениот филтер.
– Отворете ги капаците (8) и извадете го горниот дел од
всисувачот (7).
– Извлечете го вреќастиот филтер (32) од
филтерот (33) и протресете го темелно.
– Свртете го држачот за филтер (34) до крај во правецот
на вртење
и извадете го филтерот (33) од садот (1).
– Четкајте ги перките на филтерот со мека четка
или
заменете го оштетениот филтер.
– Ставете го филтерот (33) над корпата за филтер (35) и
свртете го држачот за филтер (34) до крај во правецот
на вртење .
Внимавајте, отворот на филтерот (33) да биде
поставен точно на запците за позиционирање на
корпата за филтер (35). Држачот за филтер (34)
звучно се вклопува.
– Ставете го вреќастиот филтер (32) над филтерот (33).
Внимавајте, вреќастиот филтер (32) целосно да го
опфаќа филтерот (33) и гумениот дел да биде
поставен во жлебот помеѓу филтерот и куќиштето.
– Ставете го горниот дел на всисувачот (7) повторно и
затворете ги капаците (8).
Чистење на садот
– Од време на време, избришете го садот (1) со
комерцијално достапно средство за чистење кое не е
абразивно и оставете го да се исуши.
Чистење на постојаниот филтер (види слика G)
Од време на време, исчистете го постојаниот
филтер (36), за да одржите оптимална моќност на
всисување на всисувачот.
– Отворете го капакот за издувот (26) и извадете го
постојаниот филтер (36).
– Исплакнете го постојаниот филтер (36) под проточна
вода и потоа оставете го добро да се исуши.
– Повторно вметнете го исчистениот филтер и притоа
внимавајте тој безбедно и правилно да легне.
Bosch Power Tools