Вадење на батеријата на полнење
отстраните батеријата, проверете дали батеријата е
целосно испразнета.
СОДРЖИ ЛИТИУМ-ЈОНСКА ЌЕЛИЈА ШТО МОЖЕ ДА СЕ
ПОЛНИ. МОРА ДА СЕ РЕЦИКЛИРА ИЛИ ПРАВИЛНО ДА
СЕ ФРЛИ.
Вградената батерија на полнење мора да се
отстранува само од страна на квалификуван
професионалец кога се фрла производот. Пред да ја
отстраните батеријата, проверете дали батеријата е
целосно испразнета.
Преземете ги сите неопходни мерки на
претпазливост кога ракувате со алати за
отворање на уредот и кога ја фрлате
батеријата на полнење. Заштитете си ги очите,
рацете, прстите и површината на којашто
работите.
Кога ракувате со батериите, осигурете се дека
рацете, производот и батериите се суви.
За да се избегне случаен краток спој на
батериите по отстранувањето, не дозволувајте
терминалите на батериите да дојдат во контакт
со метални предмети (на пр., парички, шноли
за коса, прстени). Немојте да ги виткате
батериите во алуминиумска фолија. Залепете
ги терминалите на батериите или ставете ги
батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.
За да ја отстраните батеријата на полнење, ќе ви
треба рамен (стандарден) шрафцигер. Почитувајте ги
основните безбедносни мерки при следење на
постапката опишана подолу.
1 За да ја испразните батеријата на полнење од
преостанатото полнење, отстранете ја рачката од
полначот, вклучете ја Philips Sonicare for Kids и
оставете ја да работи сѐ додека не сопре.
Повторувајте го овој чекор сѐ додека веќе не
можете да ја вклучите Philips Sonicare for Kids.
Македонски
471