Descargar Imprimir esta página

Bosch GBH 18V-28 C Professional Manual Original página 278

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 43
278 | Македонски
– GBH 18V-28 CF: Вметнете ја SDS-plus-заменливата
глава за дупчење (2).
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
F)
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат, запчеста глава за дупчење
GBH 18V-28 C
Ставање на алатот за вметнување (види слика G)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете запчеста глава за дупчење (31).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење
(31), додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегнување на главата за дупчење (35)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава
за дупчење (31) и рамномерно затегнете го алатот.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (17) во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика H)
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење
(31) со помош на клучот за затегање на главата за
дупчење (35) во правец спротивен на стрелките на
часовникот, додека не се извади алатот за
вметнување.
Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за
дупчење
GBH 18V-28 CF
Ставање на алатот за вметнување (види слика I)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за
дупчење (1).
– Држете го цврсто затезниот прстен (37) на
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење.
Отворете го прифатот за алат со вртење на предната
чаура (36) додека не дојде во позиција каде може да
се вметне алатот. Држете го цврсто затезниот прстен
(37) и вртете ја предната чаура (36) во правец на
стрелката, додека не слушнете дека е вклопена.
1 609 92A 6J5 | (03.03.2023)
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се
вклопува, а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура во
правец спротивен на стрелките на часовникот. Потоа
може да се затвори алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (17) во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика J)
– Држете го цврсто затезниот прстен (37) на
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење.
Отворете го прифатот за алат со вртење на предната
чаура (36) во правец на стрелката, додека не дојде во
позиција каде може да се извади алатот.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисувач за прав со GDE 18V-16 (опрема)
(види слика K)
За всисување на прав од бетон и камења, потребен е
уред за всисување GDE 18V-16 (опрема).
Овој систем за вшмукување не е погоден за прав од дрво,
метал и пластика, како и за прав, кој е штетен по
здравјето (на пр. азбест).
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте капакот (15) наBluetooth
u
модулот GCY 42 да биде затворен за време на
работата. На тој начин ќе избегнете влегување на
прав.
®
Low Energy
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gbh 18v-28 cf professional