• редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти
и без нечистотии.
• избришете и исушете целосно.
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте ги
и не оштетувајте ги цевките и каблите во
фрижидерот.
Не користете детергенти, груби прашоци,
многу парфимирани средства за чистење
или восок за полирање за чистење на
внатрешноста, бидејќи така може да се
оштетат површините и да остане силен
мирис.
Чистете ги со четка кондензаторот (црната
решетка) и компресорот на задната страна
на апаратот. Со тоа се подобрува
работењето на апаратот и се штеди
електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски
површини содржат хемикалии што може да
ја нагризат или оштетат пластиката на
апаратот. Поради тоа, се препорачува
надворешноста на апаратот да се чисти
само со топла вода со малку течност за
миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во фрижидерската преграда
секогаш кога моторниот компресор ќе
престане да работи во текот на
вообичаената употреба. Водата од
одмрзнувањето истекува во посебен сад
од задната страна на апаратот, над
моторниот компресор, од кој што испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето
за истекување на водата од
одмрзнувањето на средината на каналот
во фрижидерската преграда за да се
спречи прелевање на водата и нејзино
капење врз храната внатре. Користете го
приложениот специјален чистач, што ќе го
34
најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се
формира малку мраз.
ВАЖНО Одмрзнете го замрзнувачот кога
слојот мраз ќе достигне дебелина од околу
3-5 mm.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место.
3. Оставете ја вратата отворена.
4. Кога ќе заврши одмрзнувањето,
исушете ја внатрешноста темелно и
вратете го капакот на место.
5. Вклучете го апаратот.
6. Поставете го регулаторот на
температурата да добиете максимално
ладење и оставете го апаратот да
работи два-три часа со оваа поставка.
7. Вратете ја извадената храна во
комората.
ВАЖНО Никогаш не користете метални
алатки за гребење на мразот од
испарувачот, зашто може да го оштетите.
Не користете механички уреди или
вештачки средства за забрзување на
топењето освен оние што ги препорачува
производителот. Покачувањето на
температурата на смрзнатата храна за
време на одмрзнувањето може да го
скрати нивниот век на чување.
www.zanussi.com