638
Македонски
1 По четкањето, исплакнете ја главата на четката и
истресете го вишокот вода.
Предупредување: Осигурете се дека
капачето на главата на четката не се наоѓа
на главата на четката кога таа се чисти во
стерилизаторот.
2 Ставете го прстот во процепот на вратничката на
горниот дел од стерилизаторот и отворете ја
вратничката со влечење.
3 Поставете ја главата на четката на еден од 2
клинови на стерилизаторот со влакната свртени
кон светилката.
Забелешка: Во стерилизаторот, чистете ги само
главите на четка на Philips Sonicare што се
прикачуваат.
Забелешка: Не чистете ги главите на четката Philips
Sonicare за деца во стерилизаторот.
4 Проверете дали стерилизаторот е приклучен во
штекер со соодветна волтажа.
5 Затворете ја вратата и притиснете го зеленото
копче за вклучување/исклучување еднаш за да го
изберете циклусот на УВ-чистење.
Забелешка: Можете да го вклучувате стерилизаторот
само доколку вратата е соодветно затворена.
Забелешка: Стерилизаторот ќе престане да работи
ако ја отворите вратата за време на циклусот на
стерилизаторот.
Забелешка: Циклусот на стерилизаторот трае
приближно 10 минути, а потоа се исклучува
автоматски.
Стерилизаторот работи кога светлото свети низ
прозорецот.