Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (8) активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина 2:
Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
u
притискајте го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
Брзо исклучување (KickBack Control)
Брзото исклучување (KickBack Control)
нуди подобра контрола на електричниот
алат и со тоа ја зголемува заштитата при
користење, во споредба со електричните
алати без KickBack Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
Брзото исклучување на електричниот алат се прикажува
со црвено трепкање на LED-светилката (22), со
трепкачко светкање на работното светло (13) како и
црвено светкање на LED-светилката за KickBack
Control (23).
За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
Ако функцијата KickBack Control е дефектна,
u
електричниот алат не се вклучува. Поправката на
електричниот алат смее се изврши само од страна
на квалификуван стручен персонал и само со
користење на оригинални резервни делови.
Брзото исклучување на корисничкиот интерфејс (14)
може да се деактивира со копчето (24). Доколку
електричниот алат не се користи повеќе од 5 минути или
се извади акумулаторската батерија, автоматски се
вклучува брзото исклучување. Моменталната состојба на
LED-светилката за KickBack Control се прикажува (23) на
корисничкиот интерфејс (14).
Осигурете се дека светлото за предупредување не е
видливо од сите насоки. Доколку има јака светлина од
сонцето, светлото за предупредување тешко може да се
препознае.
Electronic Angle Detection (EAD)
Со електронското препознавање на аголот (EAD) може
претходно да се избере агол на косина кој електричниот
алат го препознава при работењето, и му го прикажува на
Bosch Power Tools
корисникот. Со тоа се овозможува, на пример, да се
дупчи или завртува правоаголно на закосена површина.
Електронското препознавање на аголот (EAD) се
управува преку корисничкиот интерфејс (14).
Изберете агол (45°, 60°, дефиниран од корисникот) на
корисничкиот интерфејс (14). Напомена: во фабричките
поставки аголот дефиниран од корисникот е 90°. Може да
се прилагоди преку Bosch-апликацијата.
За поставување на аголот, притискајте на електронското
препознавање на аголот (EAD) (20) додека LED-
светилката на саканиот агол на косина (21) не почне да
трепка.
Покрај LED-светилката на саканиот агол на косина (21),
започнува жолто да трепка исто така и LED-светилката за
електронското препознавање на аголот (EAD) (9).
Позиционирајте го електричниот алат на саканата
површина и држете што е можно постабилно. Напомена:
доколку за време на процесот на започнување,
електричниот алат не се држи стабилно, за процесот на
започнување автоматски завршува по 10 секунди и
повторно се воспоставува последно поставената
вредност.
Електричниот алат започнува со процесот на
започнување по позиционирањето. За време на процесот
на започнување се скенира саканата површина.
Процесот на започнување е завршен кога LED-светилката
за електронското препознавање на аголот (EAD) (9)
свети зелено околу 1 секунда и потоа се гаси и LED-
светилката за аголот на косина (21) свети непрекинато.
Тргнете го електричниот алат од површината. Израмнете
го електричниот алат во саканиот агол на косина до
скенираната површина. LED-светилката (22) свети жолто
доколку аголот на косина лежи во поле од +/–10° од
претходно поставениот агол на косина.
Кога ќе се постигне агол на косина од +/–3° до претходно
поставениот агол на косина, LED-светилката (9) свети
зелено. За да се заврши електронското препознавање на
аголот (EAD) притискајте го копчето на електронското
препознавање на аголот (EAD) (20) додека сите LED-
светилки за избирање на агол (21) прекинат да светат
(45° → 60° → дефинирано од корисникот → исклучено).
Поставениот агол, како и референтната површина се
задржани и при промена на акумулаторската батерија
или доколку електричниот алат се исклучи од режимот на
мирување.
Кориснички интерфејс (види слика D)
Корисничкиот интерфејс (14) служи за поставување и
проверка на аголот на косина во рамки на електронското
препознавање на аголот (EAD), за деактивирање на
брзото исклучување (KickBack Control), како и за
приказот за состојба на електричниот алат.
Македонски | 209
1 609 92A 6Y0 | (14.09.2021)