Descargar Imprimir esta página

Bosch GSB Professional 18V-60 Manual Original página 178

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
178 | Македонски
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(13) и држете го притиснат.
LED светилката (9) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (13) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (13).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (13) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 20
степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот
за вметнување запира.
Механички избор на брзини
Прекинувачот за избор на брзина (5) може да го
u
активирате во состојба на мирување или додека
работи електричниот алат. Сепак тој не смее да се
активира при целосно оптоварување или
максимален број на вртежи.
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
u
притискајте го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина 2:
Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
работење надвор од дозволениот опсегот на работна
температура се намалува бројот на вртежи. Дури по
постигнувањето на дозволената работна температура,
електричниот алат повторно работи со полн број на
вртежи.
Заштитата од преоптоварување, која зависи од
температурата, се прикажува со црвено светење на LED-
сијаличката (10) на електричниот алат. За повторно да се
достигнат дозволените граници на работната
температура, вклучете го или прекинувачот за избор на
брзина (5) на брзина 1, или користете го електричниот
алат во празен од или почекајте додека LED-сијаличката
1 609 92A 87P | (18.08.2022)
(10) не се исклучи. Кога ќе се исклучи LED-сијаличката
(10) уредот повторно ја има постигнато дозволената
граница на работна температура.
Брзо исклучување (KickBack Control)
Брзото исклучување (KickBack Control)
нуди подобра контрола на електричниот
алат и со тоа ја зголемува заштитата при
користење, во споредба со електричните
алати без KickBack Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање на LED на
електричниот апарат.
За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
Ако функцијата KickBack Control е дефектна,
u
електричниот алат не се вклучува. Поправката на
електричниот алат смее се изврши само од страна
на квалификуван стручен персонал и само со
користење на оригинални резервни делови.
Функции на поврзување
Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY 30-4
модулот на располагање ги имате следните функции на
поврзување за електричниот алат:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за
предупредување
– Општи информации
– Управување
За информации за Bluetooth® Low Energy Module
GCY 30-4 прочитајте го соодветното упатство за
употреба.
Совети при работењето
Електричниот алат со активиран Bluetooth
u
Energy модул GCY 30-4 / GCY 42 (опрема) е
опремен со радио интерфејс. Треба да се внимава
на локалните оперативни ограничувања, на пр. во
авиони или во болници.
Електричниот алат ставете го на завртката само
u
доколку е исклучен. Доколку алатите што се
вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се
превртат.
За да го извадите битот за одвртувачот или
универзалниот држач за битови, може да користите
помошен алат.
Држач за појас
Со држачот за појас (6) може да го закачите
електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе
ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на
дофат во секое време.
®
Low
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gsr professional 18v-60