Descargar Imprimir esta página

Vitamix VM0145 Manual página 170

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 49
За избегнување повреда.
Прочитајте го и разберете го упатството за користење пред употреба
на машината. Треба да се следат основните мерки на претпазливост,
вклучувајќи ги следниве.
Опасност од струен удар.
Употребувајте САМО приземјени штекери.
НЕ отстранувајте ја врската за заземјување.
НЕ користете адаптер.
НЕ употребувајте продолжен кабел.
Неследењето на упатствата може да предизвика смрт или
електричен шок.
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА, МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА И ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПРЕД ДА РАКУВАТЕ СО БЛЕНДЕРОТ.
1. Прочитајте ги сите упатства.
2. За заштита од ризик од струен удар, не ставајте ја основата на моторот во вода или во друга течност.
3. Овој уред не е наменет да го употребуваат лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални
способности или недоволно искуство и знаење, доколку не се под надзор или не им се дадени упатства во врска со
употребата на уредот од страна на лице одговорно за нивната сигурност.
4. Децата треба да бидат под надзор за да се осигури дека не си играат со уредот.
5. Откачете го кабелот за напојување од штекерот во ѕидот кога машината Vitamix® не е во употреба, пред расклопување,
кога ставате или вадите делови и пред чистење, освен пред миење на садот.
6. Секогаш избегнувајте контакт со деловите што се движат, особено сечилата.
7. Ако испорачаниот кабел е оштетен, мора да го замени производителот, негов агент за сервисирање или лица со слични
квалификации со цел да се избегне ризик.
8. Не ракувајте со ниедна машина што има дефект, оштетен кабел или приклучок, има паднато или е оштетена на кој било
начин. Ако опремата ви е купена во САД, јавете се во Службата за техничка поддршка на Vitamix, 800-886-5235 за
проверка, поправка, можна замена или електрично или механичко приспособување. Ако ви е купена надвор од САД,
контактирајте со локалниот овластен продавач на Vitamix или контактирајте со Меѓународниот оддел на Vitamix на
+1.440.782.2450 или по е-пошта: international@vitamix.com за да го најдете најблискиот продавач.
9. Не користете додатоци што не се препорачани или не ги продава Vitamix. Тоа ќе доведе до поништување на гаранцијата.
Не се препорачува видоизменување или модифицирање на овој производ во каква било форма, бидејќи може да
дојде до телесна повреда.
10. Не употребувајте го на отворено.
11. Внимавајте кабелот за напојување да не дојде во контакт со жешки површини или да не виси над раб на маса или пулт.
12. Внимавајте ако во блендерот се истури жешка течност, бидејќи може да се исфрли од уредот поради ненадејно парење.
13. Немојте да ја поставувате машината на или во близина на жежок гас или електрично решо, во загреана рерна или
да дозволите машината да дојде во контакт со жешки површини. Надворешни извори на топлина може да ја оштетат
машината.
14. Не ставајте ги рацете и приборот во садот додека работи моторот да се спречи ризикот од сериозни телесни повреди и/
или оштетување на машината Vitamix. Може да се користи гумена шпакла, но само кога машината Vitamix не работи.
15. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сечилата се остри. Да се ракува внимателно.
Никогаш не обидувајте се да ги извадите сечилата додека садот е поставен на основата на моторот.
Не ракувајте со разлабавени, изгребани или оштетени сечила – веднаш заменете ги.
За да го намалите ризикот од повреда, никогаш не ставајте сет сечила на основата на моторот ако Vitamix не е правилно
прицврстен.
170
В
а ж н и м е р к и з а з а ш т и т а
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Vm0149Vm0145b