ОГРАНИЧЕНА ГАРАНЦИЈА
Со цел да се доведе до максимум работниот век на производот Vitamix® и да се одржува во добра работна состојба, важно е да се придржувате кон неколку едноставни
совети за одржување:
1. Повремено проверувајте ја погонската спојница за видливо абење, пукнатини или скршени делови на спојницата. Aко се пронајде оштетување, заменете ја погонската
спојница со дополнителната погонска спојница што се испорачува со блендерот. За купување уште резервни погонски спојници, обратете се во Vitamix на 1-800-437-
4654 (1-800-4DRINK4) за да пронајдете продавач во ваша близина. За купувачите надвор од САД, обратете се кај овластениот дистрибутер на Vitamix или јавете се во
Меѓународниот оддел на Vitamix на +1.440.782.2450 или по е-пошта international@vitamix.com за да најдете дистрибутер во ваша близина.
2. Рачно ротирајте го лежиштето на сечилото за да се осигурате дека се врти непречено, но не и премногу слободно. Ако сечилото застанува или се врти премногу
слободно, обратете се во Vitamix на 1-800-437-4654 (1-800-4DRINK4) за информации околу гаранцијата или за да пронајдете продавач во ваша близина. За купувачите
надвор од САД, обратете се кај овластениот дистрибутер на Vitamix или јавете се во Меѓународниот оддел на Vitamix на +1.440.782.2450 или по е-пошта на international@
vitamix.com за да најдете дистрибутер во ваша близина.
3. Никогаш не ја пуштајте машината без соодветно да ја поставите подлогата за центрирање на основата. Vita-Mix® Corporation (во понатамошниот текст „Vita-Mix") му
гарантира на првиот краен корисник (за што е потребен доказ за купувањето) купен во САД, дека овој Vita-Mix блендер (во понатамошниот текст „Опремата") нема
дефекти во материјалот и изработката за гарантниот период за Опремата како што е опишано тука и според условите поставени подолу.
Основа за моторот
Vita-Mix му гарантира на првиот краен корисник дека:
• Ако основата за моторот се расипе во рок од триесет (30) дена од датумот на купување, Vita-Mix ќе ја замени основата за моторот без доплата.
• Ако основата за моторот се расипе по триесет (30) дена, а во рок од една година од датумот на купување, поради дефект во материјалот или изработката, Vita-Mix
ќе ги преземе трошоците за сите делови и потребниот труд за поправка на основата за моторот.
• Ако основата за моторот се расипе по една година, а во рок од три (3) години од датумот на купување поради дефект во материјалот или изработката, Vita-Mix ќе ги
преземе трошоците за деловите кои се смета дека се неопходни за да се поправи основата.
Сад, капак, лежиште на сечила, погонска спојница и комплет за намалување на бучава
(доколку е вклучен)
Садот, капакот, лежиштето на сечила, погонската спојница и, каде што е вклучен, комплетот за намалување на бучава произведен од Vita-Mix имаат едногодишна гаранција
против дефекти во материјалот и изработката од датумот на купување.
Услови
• Гаранциите споменати тука се однесуваат само на првиот краен корисник и не се пренесуваат. За да се направи рекламација, потребен е доказ за купување.
• Гаранцијата е единственото средство на купувачот и ги поставува единствените обврски на Vita-Mix и не покрива вообичаено абење, несоодветна, неправилна,
невнимателна употреба, промени во основата на садот (или во комплетот за намалување на бучава) или изложување на екстремни услови и е валидна само ако Опремата
се користи во согласност со дадените упатства за употреба (кои може да се најдат и на www.vitamix.com/foodservice).
• Доколку е применливо, неправилна инсталација или вентилација на кутијата на вградливиот модел на Опремата или ставање на опремата во комплет за намалување на
бучава кој не е произведен од Vita-Mix ќе ја поништи гаранцијата.
• Гаранцијата се поништува ако се извршат поправки врз Опремата од некој друг освен Vita-Mix или овластен Центар за услуги на Vita-Mix. Vita-Mix нема да ги преземе
трошоците за неовластени поправки.
• Единствената обврска на Vita-Mix под оваа гаранција е да го поправи или замени делот или деловите кои се под гаранција како што е утврдено исклучиво од Vita-Mix.
Во никој случај, без разлика дали е врз основа на договор, обесштетување, гаранција, неизвршување (вклучувајќи и небрежност), строга одговорност или
поинаку, Vita-Mix нема да биде одговорен за какви било специјални, индиректни, случајни или последични штети вклучувајќи, без ограничување, губење профит
или приход. Горенаведената ограничена гаранција е единственото помошно средство и вие и Vita-Mix изречно се одрекувате од какви било други гаранции или
услови, јасно или имплицитно искажани, правно или поинаку, вклучувајќи каква било имплицитна гаранција за продажниот квалитет и каква било имплицитна
гаранција за соодветствување со одредена цел, и, без ограничување на севкупноста на наведеното, вие и Vita-Mix изречно ја исклучувате, до мера дозволена со
закон, примената на каква било легислатива за продажба на стоки и Конвенцијата на Обединетите Нации за договорите за меѓународна продажба на стоки, како
што е применливо.
Некои правосудни системи не дозволуваат ограничување на имплицитни гаранции или на специјални, случајни или последични штети.
Ниту еден вработен на Vita-Mix или кое било друго лице нема дозвола да дава гаранции како додаток или дополнување на гаранциите дадени во текстот. За детали околу
гаранцијата за уреди купени надвор од САД, обратете се кај овластениот дистрибутер на Vita-Mix или контактирајте со Меѓународниот оддел на Vita-Mix на +1.440.782.2450
или по е-пошта на international@vitamix.com за да пронајдете дистрибутер во ваша близина.
Во случај да е потребно сервисирање или поправка на блендерот Vita-Mix, опфатено со условите на оваа гаранција, обратете се кај Vita-Mix Corporation за помош во врска со
гаранцијата. За машини купени во САД, јавете се во Службата за техничка поддршка на Vita-Mix на: 800-886-5235. Ако купувањето е надвор од континенталниот дел на САД,
обратете се кај овластениот дистрибутер на Vita-Mix или контактирајте со Меѓународниот оддел на Vita-Mix на +1.440.782.2450 или по е-пошта на international@vitamix.com за
да пронајдете дистрибутер во ваша близина.
Клиентот ги презема трошоците за превоз за сервисирање под гаранција.
Како да се добие покритие и поправка под гаранција
Со кого да се контактира за сервисирање и поправки опфатени со гаранцијата. Во случај да е потребно сервисирање или поправка на блендерот Vitamix под условите
опфатени во оваа гаранција, обратете се кај Vita-Mix Corporation, овластен сервисен центар или локален дистрибутер за помош во врска со гаранцијата.
•
За Опрема купена во САД и Канада и која се наоѓа во САД и Канада, јавете се во Комерцијалната служба за корисници на Vitamix на: 800-437-4654.
•
За опрема купена надвор од континенталниот дел на САД, обратете се кај овластениот дистрибутер на Vitamix или контактирајте со Меѓународниот оддел на Vitamix на
+1.440.782.2450 или по е-пошта на international@vitamix.com за да пронајдете дистрибутер во ваша близина.
Ќе ви побараат да обезбедите доказ за купување на опремата. Ако тимот за далечинска техничка поддршка не може да го реши проблемот со опремата од далечина,
опремата ќе треба да се сервисира. Тимот ќе ви помогне или да лоцирате овластен сервисен центар или да организирате испраќање на опремата кај Vitamix.
Како да се испрати Опремата кај Vitamix за сервисирање
А.
Земете Број на дозвола за враќање пред испраќањето. Не враќајте или испраќајте Опрема без одобрение од Vitamix. Vitamix нема да ги преземе трошоците за какви
било неовластени поправки под ниеден услов. Секоја вратена Опрема мора да го има Бројот на дозвола за враќање ("RA") јасно означен на надворешната страна на
кутијата. Секоја Опрема која е испратена до Vitamix без претходна дозвола или одобрение ќе биде вратена на адресата на испраќачот „каква што е" без поправка.
B.
Соодветно пакување на предметот што се враќа. Секој предмет испратен до Vitamix мора да биде испратен во оригиналното или доволно добро пакување.
172
к
О м е р ц и ј а л н а Га ра н ц и ј а