Stiga LT 40 Li Manual De Instrucciones página 291

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 152
– Држете ја машината цврсто
со двете раце и поставете ги
телото и рацете во позиција
којашто ви дозволува да
пружите отпор на силата
на противударот.
– Не држете ги рацете многу
нагоре и не сечете над
линијата на рамениците.
– Користете само сечила
наведени од производителот.
– Почитувајте ги упатствата
на производителот
кои се однесуваат на
одржувањето на сечилата.
• Внимавајте да не дојде до повреди
кои потекнуваат од кој било
дел предвиден за регулирање
на должината на сечење.
Во случај на дефект или
инциденти во текот на работата,
веднаш исклучете го моторот и
оддалечете ја машината внимавајќи
да не предизвикате други
оштетувања Во случај на инцидент
со лична повреда или повреда на
трето лице, пристапете веднаш кон
постапката за давање најсоодветна
прва помош за дадената состојба и
обратете се во соодветен центар за
здравствена заштита за неопходно
лекување. Отстранете ги темелно
сите остатоци од косењето што
може да предизвикаат дефект или
повреди на лица или животни ако
останат незабележано во машината.
Долготрајната изложеност на
вибрации може да предизвика
повреди и невроваскуларни
нарушувања (исто така наречени
„Рејнодов синдром" или „бела рака"),
особено кај луѓето кои страдаат
од нарушувања во циркулацијата.
Симптомите може да се покажат
на рацете, на рачните зглобови или
на прстите и се манифестираат
со губење на осет, вкочанетост,
чешање, болка, обезбојување и
структурални промени на кожата.
Овие ефекти може да се зголемат
со ниски надворешни температури
и / или од прекумерен притисок
врз рачките. При појава на овие
симптоми, треба да го намалите
времето на користење на машината
и да се советувате со лекар.
Ограничувања на употребата
• Машината не треба да ја
користат лица што не се во
состојба да ја држат цврсто со
обете раце и/или да одржуваат
стабилна рамнотежа на нозете
во текот на работата.
• Никогаш не ставајте метални
елементи за косење. Забрането
е користење на тврди или
метални ножеви од кој и
да е вид со оваа машина.
• Никогаш не користете ја
машината со оштетена заштита,
ако недостасува или ако
не правилно
• Не користете ја машината ако
дополнителната/помошната
опрема не се поставени
на дадените точки.
• Не исклучувајте, дезактивирајте,
вадете ги манометарот и
безбедносните системи/
микропрекинувачи.
• Не користете го електричниот
апарат ако прекинувачот
не е правилно поставен во
позиција за вклучување или
исклучување. Ако електричниот
апарат не може да се вклучи со
прекинувачот, тој е опасен за
употреба и треба да се поправи.
• Не изложувајте ја машината на
непотребни сили и не користете
мала машина за изведување
тешки работи; адекватно
користење на машината го
MK - 4
поставена.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Atr 40 liA286232

Tabla de contenido