спој на контактите. Краток спој на
контактите на батеријата може да
доведе до експлозија и пламен.
• Не користете го полначот за
батеријата на места каде има
гасови, запаливи супстанци
или лесно запаливи површини,
како што се хартија, ткаенина и
слично. За време на полнењето,
батеријата се загрева и
може да предизвика оган.
• За време на транспорт на
акумулаторите, обрнете внимание
контактите да не дојдат во
спој меѓу себе и не користете
метални кутии за транспорт.
2.7 ЗАШТИТА НА
ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина
треба да е приоритет при користење
на косилката, и да биде од корист за
граѓаните и за животната средина.
• Избегнувајте да го вознемирувате
соседството. Користете ја
машината само во разумно
време (не многу рано наутро
и доцна навечер кога може
да ги вознемирите луѓето).
• Доследно следете ги локалните
закони за фрлање на амбалажата,
делови во распаѓање или какви
било елементи со штетно
влијание врз животната средина
овие отпадоци не се фрлаат
во ѓубре, туку треба да бидат
разделени и да се достават до
соодветни центри за собирање
на истите, кои ќе се погрижат за
рециклирање на материјалите.
• Придржувајте се до локалните
одредби за отстранување
на отпадни материјали.
• Кога косилката ќе се расипе,
не ја исфрлајте надвор, туку
однесете ја во депонијата за
отпадни материјали, согласно
позитивните локални одредби.
Не фрлајте ги електричните
апарати заедно со домашен
отпад. Во согласност со
директивата на ЕУ 2012/19/
EU, отпадот што се состои од
електрични и електронски
апарати е ваша одговорност и,
во согласност со националните
одредби, електричните апарати за
фрлање треба да се фрлат засебно
за да може подоцна повторно да
се употребат на еко-компатибилен
начин. Ако електричните апарати се
одложат на ѓубриште или на земја,
штетните состојки може да стапат во
контакт со елементите во почвата и
да навлезат во синџирот на исхрана,
со што ќе се нарушат вашето здравје
и благосостојбата. За подетални
информации околу фрлањето на
овој производ, контактирајте со
компетентни институции за фрлање
домашен отпад или со застапникот.
На крајот на работниот век,
ослободете се од акумулаторот
на безбеден и еколошки
начин. Батеријата содржи
материјал што е опасен за вас и
за средината. Треба да се извади
и расклопи во засебен сад што
може да содржи литиумски јони.
Засебното собирање на
производите и искористените
пакувања овозможува
рециклирање на материјалите
и повторна употреба. повторната
употреба на рециклираните
материјали спречува штета на
животната средина и ја намалува
потребата за примарни материјали.
MK - 6