Descargar Imprimir esta página

Bosch 0 601 B19 000 Manual Original página 244

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 41
244 | Македонски
– Свртете ја заштитата од превртување (27) навнатре
или нанадвор додека електричниот алат не застане
рамно на работната површина.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Надворешно всисување
За всисување, на исфрлувачот на струготини (13) може
да приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).
– Поврзете го цревото за всисување на прав со
исфрлувачот на струготини (13).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слика
C1−C4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
1 609 92A 7NC | (26.04.2022)
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (36) со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (35) и истовремено притиснете ја
блокадата за вретеното (29), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (29) и
одвртете ја завртката (36) во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (37).
– Притиснете го прекинувачот за блокада (17) и
навалете го осцилаторниот заштитен капак (19)
наназад до крај.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција и извадете го сечилото за пила (39).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада (17), навалете
го осцилаторниот заштитен капак (19) наназад до крај
и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (38).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
– Поставете ги стезната прирабница (37) и
завртката (36). Притиснете ја блокадата на
вретеното (29), додека не се вклопи и затегнете ја
завртката во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading