246 | Македонски
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да
се вклопи во жлебот.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (25).
Подесување на вертикалниот агол на закосување
(види слика I)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од 0° до 45°.
– Целосно извлечете ја граничната водилка (6)
нанадвор.
– Олабавете ја затегнувачката рачка (10).
– Рачката на алатот навалете ја на дршката (16), додека
агломерот (32) не го прикаже саканиот агол на
закосување.
– Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и
повторно затегнете ја затегнувачката рачка (10).
За брзо и прецизно подесување на стандарден агол 0°
и 45° на куќиштето има крајни граничници.
Ставање во употреба
Вклучување (види слика J)
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување (15) и држете го
притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (15) не се блокира, туку
мора постојано да се држи притиснат за време на
работата.
Само со притискање на прекинувачот за блокада (17),
кракот на алатот може да се спушти надолу.
– За сечење дополнително кон активирањето на
прекинувачот за вклучување/исклучување (15) мора
да го притиснете прекинувачот за блокада (17).
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (15).
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја не работи.
Електричниот алат мора веднаш да се испрати во
сервисната служба.
Сечење
Општи напомени за сечење
Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (25) и
u
затегнувачкиот лост (10) пред сечењето. Инаку
сечилото за пила може да се заглави во делот што се
обработува.
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
сечилото за пила во ниеден момент нема да ја
1 609 92A 7NC | (26.04.2022)
допре граничната водилка, столарските стеги или
другите делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската
употреба.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да
го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го
водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен
капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Позиција на корисникот (види слика K)
Не застанувајте во една линија со сечилото за пила
u
пред електричниот алат, туку секогаш странично од
сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење (12)
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање (11), доколку таа е затегната.
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (6) и (21).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поместете го кракот на алатот од граничните
водилки (6) и (21), додека сечилото за пила не дојде
пред делот што се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада (17) и рачката
на алатот водете ја полека надолу со дршката (16).
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки (6) и (21) и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Сечење без влечење (отсекување) (види слика L)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (11),
доколку истата е затегната. Поместете ја рачката на
Bosch Power Tools