308 | Македонски
исечениот дел. Приближување на раката до сечило
кое сè уште врти е опасно.
Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен
u
засек или кога го ослободувате копчето пред
пилата да биде ставена во целосна надолна
позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика
главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу
и да предизвика опасност или повреда.
Не отпуштајте ја рачката ако главата на пилата ја
u
има достигнато најдолната позиција. Секогаш
враќајте ја рачно главата на пилата до најгорната
позиција. Ако главата на пилата се движи
неконтролирано, тоа може да доведе до ризик од
повреди.
Одржувајте ја чистотата на работното место.
u
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени
u
листови за пила. Листовите на пилата со тапи или
неправилни запци, заради претесниот резен
процеп, предизвикуваат зголемено триење и
заглавување на листот на пилата или повратен
удар.
Не користете листови за пила од високо легиран
u
брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на
пила може лесно да се скршат.
Секогаш користете сечила со точна големина и
u
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор
дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за
монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што
ќе предизвика губење на контрола.
Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
u
сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
u
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
Електричниот алат се испорачува со ознака за
u
предупредување за ласерот (види табела „Ознаки и
нивно значење").
Доколку текстот на ознаката за предупредување за
u
ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на Вашиот јазик пред првата
употреба.
Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
u
електричниот алат.
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон
лица или животни и немојте и Вие самите
да гледате во директниот или
рефлектирачкиот ласерски зрак. Така
може да ги заслепите лицата, да
предизвикате несреќи или да ги оштетите
очите.
1 609 92A 88N | (29.03.2023)
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
u
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не правете промени на ласерскиот уред.
u
Можностите за подесување опишани во ова упатство
за употреба можете безбедно да ги користите.
Не ги оставајте децата да го користат електричниот
u
алат без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат
себеси или други лица
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската
интерпретација на ознаките Ви помага подобро и
побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење
Ласерски зрак
Не гледајте во зракот
Потрошувачки ласерски уред од
класа 2
EN 50689:2021
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот алат. Доколку дојдете
во контакт со сечилото за пила постои
опасност од повреда.
Носете маска за заштита од прав.
Носете заштитни очила.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да влијае
на губењето на слухот.
Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
За подесување на саканиот
хоризонтален агол на закосување
рачката на алатот мора да биде
слободно подвижна.
Копчето за заклучување е повлечено
нагоре:
Bosch Power Tools