314 | Македонски
– Вметнете ја сега „намалената" столарска стега (20) со
запците (54) во отворите предвидени за таа
намена (28).
– Притиснете го делот што се обработува на масата за
пила (29).
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (52) и со неа
фиксирајте го делот што се обработува.
Олабавување на делот што се обработува
– За да ја олабавите столарската стега, свртете ја
навојната прачка (52) во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика J)
За брзо и прецизно подесување на често користени
хоризонтални агли на закосување на масата за пила
има жлебови (15):
лево
0°
45°; 22,5°; 15°
– Отпуштете го копчето за фиксирање (12), доколку е
затегнато.
– Притиснете го копчето за заклучување (11) надолу и
вртете ја масата за пила (29) со копчето за фиксирање
кон лево или десно, додека агломерот (14) не го
покаже саканиот стандардниот хоризонтален агол на
закосување.
– Повторно отпуштете го копчето за заклучување (11).
Масата за пила мора звучно да се вклопи во жлебот.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (12).
Подесување на хоризонтални агли на закосување
Хоризонталниот агол на закосување може да се
поставува во опсег од 47° (на левата страна) до 52° (на
десната страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (12), доколку е
затегнато.
– Притиснете го копчето за заклучување (11) надолу и
вртете ја масата за пила (29) со копчето за фиксирање
кон лево или десно, додека агломерот (14) не го
покаже саканиот хоризонтален агол на закосување.
– Повторно отпуштете го копчето за заклучување (11).
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (12).
Подесување на вертикалниот агол на
закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува
во опсег од 45° (на левата страна) до 45° (на десната
страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени
вертикални агли на закосување, постојат граничници за
агли од 0°, 22,5°, 33,9° и 45°.
1 609 92A 88N | (29.03.2023)
Поставување на левиот вертикален опсег на аголот на
закосување
– Извадете ја левата подеслива гранична водилка (19).
– Свртете го левиот граничник (41), додека
стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на
ознаката со стрелка.
Со тоа целото лево поле на вртење/навалување е на
располагање.
– Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
– Рачката на алатот навалете ја на дршката (5) налево,
додека агломерот не го прикаже саканиот вертикален
агол на закосување.
– Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и
повторно притиснете го копчето за заклучување (13)
надолу.
Поставување на десниот вертикален опсег на аголот
на закосување
– Извадете ја десната подеслива гранична водилка (19).
– Свртете го десниот граничник (41), додека
стандардниот вертикален агол на закосување 45° не се
вклопи на ознаката со стрелка.
десно
Со тоа целото десно поле на вртење/навалување е на
располагање.
15°; 22,5°; 45°
– Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
– Свртете го малку копчето за подесување (21) кон лево
и навалете ја рачката на алатот со дршката (5) кон
десно, додека агломерот не го покажува посакуваниот
вертикален агол на закосување.
– Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и
повторно притиснете го копчето за заклучување (13)
надолу.
Подесување на вертикални стандардни агли на
закосување (види слика K)
– Отстранете ја десната/левата подеслива гранична
водилка (19).
– Повлечете го копчето за заклучување (13) нагоре.
Стандарден агол на закосување 0°:
– Свртете го малку копчето за подесување (21) кон лево
и навалете ја рачката на алатот од десно над 0°-
позиција, додека звучно не се вклопи во 0°-
позицијата.
– Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно
надолу.
Стандардни агли на закосување 45°, 33,9° и 22,5°:
– Свртете го левиот или десниот граничник (41), додека
не се вклопи саканиот вертикален агол на закосување
на ознаката за стрелка.
– Навалете ја рачката на алатот до крај кон лево.
или
Свртете го малку копчето за подесување (21) кон лево
и навалете ја рачката на алатот со дршката (5) до крај
кон десно.
– Притиснете го копчето за заклучување (13) повторно
надолу.
Bosch Power Tools