Македонски
❑ Држач за ролната хартија за
ѕидниот носач за TM-U220
Во зависност од условите за време на складирањето и испораката, околу рабовите на
ѕидниот држач или носачите може да се формира малку 'рѓа. Ова може да се отстрани со
шмиргла.
Инсталација
Пред инсталацијата, осигурајте се дека печатачот и целата опрема поврзана со печатачот се
исклучени. Откачете ги сите кабли од куќиштето на печатачот.
Инсталирање на ѕидниот држач
ВНИМАНИЕ:
За безбедно да го фиксирате печатачот, инсталирајте го ѕидниот држач на ѕид изработен од
дрво, бетон или метал. Дебелината на ѕидот треба да изнесува 10 mm или повеќе.
За да се осигурате дека ѕидниот држач може правилно да ја издржи тежината на печатачот,
прицврстете го со завртки што се соодветни за типот на ѕид на кој е инсталиран ѕидниот
држач. Се препорачува завртка со дијаметар од 4 mm и должина од 12 mm или повеќе.
Осигурајте се дека ѕидниот држач е безбедно прицврстен на ѕидот со завртка во секој од 10-те отвори.
Пред да го прикачите ѕидниот држач, осигурајте се
дека околу печатачот останува доволно простор.
Осигурајте се дека има доволно простор за
отворање на капаците на печатачот.
Прикачете го ѕидниот држач на ѕидот во
положбата што е илустрирана на десната страна
(со подрачјето означено со A на врвот) и безбедно
прицврстете го со 10 завртки. Овие завртки не се
вклучени; користете завртки што се соодветни за
типот на ѕид кој се користи.
Закачување на листот за контролната табла
За TM-T88IV/TM-T88V, TM-T90, TM-L90, TM-U220
и TM-U230, прикачете го листот за контролната
табла за да ја видите контролната табла во
правилната насока, бидејќи оперативната насока на
овие печатачи ќе биде свртена наопаку на ѕидот.
(Листовите за контролната табла за TM-T90, TM-L90
и TM-U230 се спакувани со печатачот.)
1. Отворете го капакот на печатачот (капакот на ролната хартија) (не е потребно за
TM-T90 или TM-U220).
2. Порамнете ја ознаката на прекинувачот за FEED (Внесување) на листот за контролната
табла со ознаката на прекинувачот за FEED (Внесување) на контролната табла на
печатачот и закачете го листот за контролната табла на печатачот.
3. Затворете го капакот на печатачот (капакот на ролната хартија).
124 WH-10 Прирачник за инсталација
❑ Запчаник
за TM-U220
❑ Завртка (3
×
10)
за TM-U220 (1 парче)
❑ Завртки (3
×
6)
за TM-U220 (5 парчиња)
*Забелешка: 4 од завртките се
користат за прикачување на носачите.
84 mm
84mm
A
48 mm
48mm