Descargar Imprimir esta página

Cisco Catalyst 9400 Serie Información De Seguridad página 183

Ocultar thumbs Ver también para Catalyst 9400 Serie:

Publicidad

Регулаторна усогласеност и безбедносни информации Cisco Catalyst 9400 Series Switches
Изјава 1074 – Почитувајте ги локалните и националните
кодекси за електрика
Предупредување
За да го намалите ризикот од електричен удар или оган, инсталирањето на опремата мора да е
во согласност со локалните и националните кодекси за електрика.
Изјава 1089 – Дефиниции за обучени и вешти лица
Предупредување
Обучено лице е некој на кој му се дадени напатствија и е обучен од вешто лице и ги презема
потребните мерки на претпазливост кога работи со опрема.
Вешто лице или квалификуван персонал е некој кој има обука или искуство со технологијата на
опремата и ги разбира потенцијалните опасности кога работи со опрема.
Изјава 1090 – Инсталација од вешто лице
Предупредување
Само на квалификувано лице треба да му биде дозволено да инсталира, замени или да ја сервисира
оваа опрема. Погледнете ја изјавата 1089 за опис на вешто лице.
Изјава 1091 – Инсталација од обучено лице
Предупредување
Само на обучено лице треба да му биде дозволено да инсталира, замени или да ја сервисира
оваа опрема. Видете ја изјавата 1089 за дефиницијата за обучено или вешто лице.
Изјава 1098 – Барање за кревање
Предупредување
Потребни се 2 луѓе за кревање на тешките делови на производот. За да спречите повреда, држете
го грбот исправен и кревајте со нозете, а не со грбот.
Regulatory Compliance and Safety Information - Cisco Catalyst 9400 Series Switches
179

Publicidad

loading