Descargar Imprimir esta página

Bosch PBH 2200 RE Manual Original página 156

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
156 | Македонски
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисување на прав со Saugfix (опрема)
Монтирање на уред за всисување (види слика E)
За вшмукување на правта потребен ви е Saugfix
(опрема). При дупчењето Saugfix амортизира наназад,
така што главата на Saugfix секогаш стои припиена на
подлогата.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (10) и извадете го граничникот за
длабочина (13). Одново притиснете го копчето (10) и
вметнете го Saugfix однапред во дополнителната
рачка (12).
– Приклучете едно црево за всисување (дијаметар
19 mm, опрема) на отворот за всисување (17) на
Saugfix.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Подесување на длабочината на дупчење на Saugfix
(види слика F)
Саканата длабочина на дупчење X може да се утврди и
при монтиран Saugfix.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus (2). Инаку, доколку SDS-
plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Олабавете ја пеперутка-завртката (21) на Saugfix.
– Поставете го електричниот апарат без да го вклучувате
на местото каде треба да дупчите. SDS-plus-алатот за
вметнување притоа мора да легне на површината.
– Водечката цевка (22) на Saugfix поставете ја во
држачот, така што главата на Saugfix ќе легне на
површината за дупчење. Не ја туркајте водечката
цевка (22) над телескопската цевка (20) повеќе
одошто е потребно, доволно е да се гледа што е можно
поголем дел од скалата од телескопската цевка (20).
– Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (21).
Олабавете ја завртката за затегнување (18) на
граничникот за длабочина на Saugfix.
1 609 92A 86G | (13.07.2022)
– Поместете го граничникот за длабочина (19) на
телескопската цевка (20), така што растојанието
прикажано на сликата X ќе одговара на длабочината на
дупчење што сакате да ја постигнете.
– Прицврстете ја завртката за зацврстување (18) во
оваа позиција.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (9)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За промена на режимот на работата свртете го
прекинувачот за запирање на удари/вртежи (9) во
саканата позиција „Дупчење".
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон
или камен
Позиција за дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
завртување
Позиција Vario Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за
запирање на удари/вртежи (9) не се
вклопува.
Позиција за длетување
Подесување на правецот на вртење (види слика G)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (6)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е
возможно.
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (6) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Pbh 2200 srePbh 2600 rePbh 2600 sre3 603 c44 43 603 b44 4