Материјали кои може да ги користите во микробрановата печка
Прибор за јадење
Тава за пржење за во
микробранова печка
Сервис за јадење
Стаклени тегли
Стаклени садови
Вреќички за готвење
во рерна
Хартиени чинии и
чаши
Хартиени бришачи
Хартија за печење
Пластика
Пластична фолија
Термометри
Восочна хартија за
печење
Следете ги упатствата на производителот. Дното на тавата мора да
биде најмалку 5 мм над вртливата плоча. Доколку апаратот се
користи неправилно, можно е вртливата плоча да се скрши.
Само сервиси кои се безбедни за во микробранова печка. Следете
ги упатствата на производителот. Не користете напукнати садови.
Секогаш вадете го капакот. Користете ги само за подгревање на
храната. Повеќето стаклени тегли не се отпорни на топлина и може
да се скршат.
Исклучиво само огноотпорни стаклени садови. Не смеат да имаат
метални рабови. Не користете пукнати садови.
Следете ги упатствата на производителот. Не затворајте ги со
метални врвки. Исечете отвори за пареата да може да излегува.
Користете ги само за краткотрајно загревање/готвење. Не оставајте
ја печката без надзор додека готвите.
Користете ги за да ја покриете храната за подгревање и за впивање
на маснотиите. Постојано надгледувајте ја печката и користете ги
само за краткотрајно готвење.
Користете ја како покривка за да спречите прскање и за готвење со
пареа.
Единствено пластика која е безбедна за во микробранова печка.
Следете ги упатствата на производителот. Треба да бидат
обележани со „Безбедно за во микробранова печка". Некои
пластични садови омекнуваат како што се загрева храната во нив.
Вреќичките за вриење и цврсто затворените пластични вреќички
треба да се засечат, продупчат или на друг начин да се направат
отвори како што е напишано на пакувањето.
Само фолија која е безбедна за во микробранова печка. Користете
ја за да ја покриете храната додека се готви, за да ја задржи
сочноста. Не дозволувајте пластичната фолија да ја допира храната.
Само термометри кои се безбедни за во микробранова печка
(месни и кондиторски термометри).
Користете ја како покривка за да спречите прскање и за да се
задржи сочноста.
147
Забелешка