6) Притиснете два пати на копчето „Микробранова /
Скара / Комбинирано"; на екранот се прикажува „720W".
7) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди" за да
го потврдите изборот.
8) Притискајте на „<" или на „ >" за да го одредите
времето на одмрзнување на 7 минути.
9) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди" за да
го потврдите изборот и готвењето да почне. Сигналот се
огласува еднаш за првата фаза и почнува да тече
времето на одмрзнување. Кога апаратот ќе прејде на
втората фаза, сигналот се огласува уште еднаш. Кога
готвењето ќе заврши, сигналот се огласува пет пати.
За да влезете во режимот ЕКО:
10. ЕКО функција
Додека апаратот е во стенд бај режим, притиснете
на копчето „Стоп/Избриши" за да влезете во
режимот ЕКО. Екранот се гасне.
За да излезете од режимот ЕКО:
Додека апаратот е во режим ЕКО, притиснете на било
кое копче или притискајте на „<" или на „ >" или
отворете ја вратата за да излезете од режимот ЕКО.
Вклучување на режимот на тивка работа:
11. Режим на тивка работа
Додека апаратот е во стенд бај режим, притиснете на
копчето „Кујнски тајмер/часовник" и држете го
притиснато 3 секунди. Се огласува долг сигнал и печката
влегува во режим на тивка работа. Кога ги притискате
копчињата, не се слуша никаков звук.
Исклучување на режимот на тивка работа:
Додека апаратот е во режим на тивка работа, притиснете
на копчето „Кујнски тајмер/часовник" и држете го
притиснато 3 секунди. Се огласува долг сигнал и печката
излегува од режимот на тивка работа.
За да влезете во режимот Акваклин ("Aquaclean"):
12. Функција Акваклин
Додека апаратот е во стенд бај, притиснете на копчето
„
Микробранова/Скара/Комбинирано
" и држете го
притиснато 3 секунди. Се огласува долг сигнал и печката
влегува во режимот Акваклин.
Ставете 200 ml вода во печката и притиснете на копчето
„Старт/+30Сек./Потврди" за да го потврдите изборот и
да се активира функцијата Акваклин при јачина од 900W
во текот на 5 минути, при што јачината и времето не
може да се менуваат.
157