Можности за позиционирање на ротациониот држач:
– во исправена положба на рамна површина,
– прицврстен на вертикална површина,
– поврзана со таванска стега (18) на метални тавански лајсни,
– со помош на магнет (16) на метални површини.
Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја
u
прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите,
Вашите прсти може да се заглават.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
u
зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
u
температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со
работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред", Страница 335).
При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на
мерниот уред може да се наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни
u
влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете
контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред",
Страница 335).
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се
u
блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) во позиција „ On" (за работење со осцилаторна блокада) или во
позиција „
On" (за работење со автоматика за нивелирање). Приказот за
статус (7) светнува. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии
од излезните отвори (1).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
u
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Bosch Power Tools
Македонски | 333
1 609 92A 7LU | (29.04.2022)