Descargar Imprimir esta página

Bosch 0601063L00 Manual Original página 335

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 51
Македонски | 335
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на
држачот (13) или на стативот (23).
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (2) во позиција „
On".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на
самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи подлогата на
мерниот уред отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат
брзо.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање
од ±4° ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред
повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат
грешките при поместување.
Работа со осцилаторна блокада
За работење со осцилаторна блокада, притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) во позиција „  On". Приказот осцилаторна блокада (8) свети
црвено и ласерските линии непрекинато трепкаат во бавен такт.
При работа со осцилаторна блокада автоматиката за нивелирање е исклучена.
Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена
подлога. Ласерските зраци повеќе не се нивелираат и не мора да се вертикално
една кон друга.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики
кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате
термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно,
поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.
Bosch Power Tools
1 609 92A 7LU | (29.04.2022)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gll 2-10 professional