Descargar Imprimir esta página

Bosch PSM 8 Manual Original página 204

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
OBJ_BUCH-2324-001.book Page 204 Thursday, April 30, 2015 10:40 AM
204 | Македонски
 Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
 Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
 Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот за
пилата директно кон делот што се обработува.
Инаку постои опасност од повратен удар, доколку
листот за пилата се заглави во делот што се обработува.
 Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да
настанат сериозни повреди, доколку електричниот
апарат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со листот за пилата.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознаки и нивно значење
 Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку
дојдете во контакт со листовите за
пила постои опасност од повреда.
 Носете маска за заштита од прав.
 Носете заштитни очила.
 Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
 Ласерско зрачење
Не погледнувајте во зракот
Класа на ласер 2
 Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
1 609 92A 109 | (30.4.15)
Ознаки и нивно значење
Внимавајте на димензиите на листот за
пилата. Дијаметарот на отворот мора
точно да биде наместен на вретеното на
вретеното на алатот. Не користете
адаптери или редуктори.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на цврста подлога со прав рез во дрво,
како фиксен уред. Притоа можни се хоризонтални агли на
закосување од –48° до +48°, како и вертикални агли на
закосување од 0° до 45°.
Капацитетот на електричниот апарат е предвиден за
сечење на тврдо и меко дрво.
Електричниот апарат не е наменет за сечење на
алуминиум и други неметали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Дршка
2 Натпис за предупредување на ласерот
3 Лост за олабавување на кракот на алатот
4 Заштитна хауба
5 Заштитна хауба со повратен механизам
6 Гранична водилка
7 Плоча за вметнување
8 Отвори за монтажа
9 Копче за фиксирање на саканиот агол на закосување
(хоризонтално)
10 Показател на агли (хоризонтално)
11 Скала за аголот на закосување (хоризонтално)
12 Маса за пила
13 Жлебови за држење
14 Подеслива гранична водилка
15 Затезна дршка за саканиот агол на закосување
(вертикално)
При сечење на
вертикални агли на
закосување,
подесливата шина-
граничник мора да се
повлече нагоре.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading