Descargar Imprimir esta página

Bosch PSM 8 Manual Original página 207

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
OBJ_BUCH-2324-001.book Page 207 Thursday, April 30, 2015 10:40 AM
Замена на алатот (види слики D1–D4)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 33
со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава
24 и истовремено притиснете ја блокадата на
вретеното 28, додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 28 и
одвртете го шрафот 33 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 34.
– Притиснете на лостот 3 и навалете ја осцилаторната
заштитна хауба 5 наназад до крај.
– Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција и извадете го листот за пилата 18.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете на лостот 3, навалете ја осцилаторната
заштитна хауба 5 наназад до крај и држете ја во оваа
позиција.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 35.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
– Поставете ја стезната прирабница 34 и шрафот 33.
Притиснете ја блокадата на вретеното 28 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Bosch Power Tools
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач 26 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат (работна
позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 1 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 26.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 26.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат (позиција за
транспорт)
– За фиксирање на масата за пила 12 затегнете го
копчето за фиксирање 9.
– Притиснете на лостот 3 и истовремено навалувајте го
кракот на алатот на рачката 1 надолу додека
транспортниот осигурувач 26 не се притисне сосема
навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика F)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон граничната
водилка 14 и 6.
– Вметнете ја столарската стега 27 во отворите
предвидени за таа намена 23.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 36 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
прачката со навој 37.
Олабавување на делот што се обработува
– За да ја олабавите столарската стега, свртете ја
прачката со навој 37 во правец спротивен на стрелките
на часовникот.
Подесување на закосениот агол
 Додека го подесувате аголот на закосување, не го
активирајте прекинувачот за
вклучување/исклучување 21. Доколку електричниот
апарат се стартува невнимателно, постои опасност од
повреда.
Македонски | 207
1 609 92A 109 | (30.4.15)

Publicidad

loading