Батерија
Bosch продава батериски светилки и без батерија. Од
пакувањето можете да видите дали акумулаторската
батерија е вклучена во опсегот на испорака на вашата
батериска светилка.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие полначи се
совпаѓаат со литиум-јонската батерија што се користи
за вашата батериска светилка.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат
делумно наполнети порани меѓународните прописи за
транспорт. За да се загарантира целосната јачина на
батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Вметнување на батеријата
Ослободете ја бравата на капакот на батеријата (2) и
отворете го капакот (3).
Ставете ја наполнетата батерија (14) во главата на
светилката (4), додека не се вклопи и не налегне на
главата на светилката (4).
Затворете го капакот на батеријата (3), а потоа и бравата
на капакот на батеријата (2).
При затворање на капакот на батеријата внимавајте
u
на правилно поставување на гумената трака. Инаку
нема да се загарантира заштитата од прав и прскање.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете
на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа
не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање,
што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ
додека е вметната батеријата во батериската светилка,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото
на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку батериската светилка е исклучена.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата,
или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Bosch Power Tools
Тип на батерија GBA 18V...
LED-светилки
Трајно светло 3 × зелено
Трајно светло 2 × зелено
Трајно светло 1 × зелено
Трепкаво светло 1 × зелено
Тип на батерија ProCORE18V...
LED-светилки
Трајно светло 5 × зелено
Трајно светло 4 × зелено
Трајно светло 3 × зелено
Трајно светло 2 × зелено
Трајно светло 1 × зелено
Трепкаво светло 1 × зелено
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Активирање на копчестата батерија (види
слика A)
При првото пуштање во употреба извадете ја разделната
фолија меѓу копчестата батерија (11) и контактот за
копчести батерии.
За да може батериската светилка да се лоцира и без
батерија (14) од мобилен уред, таа е опремена со
копчеста батерија.
Ослободете ја блокадата на капакот на батеријата (2) и
отворете го капакот (3).
Олабавете ја завртката на поклопецот од преградата за
батерии (9) и извадете го (10).
Отстранете ја фолијата од контактот за копчести батерии
и повторно затворете го поклопецот од преградата за
батерии со завртката.
Македонски | 121
Капацитет
60–100 %
30–60 %
5–30 %
0–5 %
Капацитет
80–100 %
60–80 %
40–60 %
20–40 %
5–20 %
0–5 %
1 609 92A 9JN | (06.05.2024)