122 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
Поставување
Внимателно расклопете ја основата (5) и оставете ја
батериската светилка на подот. Внимавајте да биде
безбедно поставена.
Прицврстување на статив
Со прифатот за статив (7) може да ја завртите
батериската светилка на статив.
Цврсто затегнете ги завртките 5/8". Внимавајте стативот
да биде безбедно поставен.
Вртење на главата на светилката (види слика B)
Главата на светилката (4) е прицврстена на рачката за
носење (8). Главата на светилката може да се постави во
пет позиции со помош на рачката за носење.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на батериската светилка,
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1).
За да ја исклучите батериската светилка, одново
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1).
Подесување на осветленоста
Кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/
исклучување (1), за да ја вклучите батериската светилка
со максимална осветленост. За подесување на
осветленоста во 2 степени, држете го притиснат
прекинувачот за вклучување/исклучување (1), додека не
се постигне саканата осветленост.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
При надминување на дозволената оперативна
температура прво се намалува осветленоста, пред
евентуално да се исклучи батериската светилка заради
заштита. Оставете ја батериската светилка да се олади и
повторно вклучете ја.
Замена на копчестата батерија (види слика A)
При вадењето внимавајте на тоа, преградата за
u
батерии (12) да не е оштетена.
Внимавајте на тоа, позитивниот пол на копчестата
u
батерија да биде свртен нагоре.
Пред целосно да се истроши копчестата батерија (11) на
апликацијата се прикажува предупредување.
За да ја замените копчестата батерија (11) ослободете ја
бравата на капакот на батеријата (2) и извадете го
капакот (3).
Олабавете ја завртката на поклопецот од преградата за
батерии (9) и извадете го (10).
Извадете ја празната копчеста батерија и вметнете нова.
Затворете го повторно поклопецот од преградата за
батерии со завртката.
1 609 92A 9JN | (06.05.2024)
Управување преку апликацијата
Батериската светилка е опремена со Bluetooth®-модул,
којшто со безжична технологија овозможува пренос на
податоци до одредени мобилни уреди со Bluetooth®-
интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).
За да можете да ја управувате батериската светилка
преку Bluetooth®, потребна ви е Bosch-апликацијата
„Bosch Toolbox". Преземете ја апликацијата преку
соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play
Store).
Потоа во апликацијата изберете ја потточката „My Tools".
Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите
понатамошни чекори за поврзување на батериската
светилка со уредот.
Откако ќе се воспостави врска со крајниот уред, на
располагање се следните функции:
– Далечинска контрола
– Временска контрола
– Комбинирање на повеќе батериски светилки во една
група
– Персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за
предупредување
– Општи информации и подесувања
– Управување
Совети при работењето
Кратко пред да се исклучи батериската светилка поради
празна батерија, таа трепнува три пати и светне со
намалена осветленост.
Кратко пред да се исклучи батериското светло поради
временска контрола, светка пет пати.
Временската контрола може да ја прилагодите преку
апликацијата (види „Управување преку апликацијата",
Страница 122).
Дефект - Причини и помош
Причина
Помош
Не може да се воспостави Bluetooth®-поврзување со
батериската светилка.
Батериската светилка не
Извадете ги за 10 секунди
испраќа Bluetooth®-сигнал.
копчестата батерија (11) и
батеријата (14).
Светлото на батеријата не се користи преку Bluetooth®
и покрај вметнатата и наполнетата батерија.
Bluetooth®-модулот не е
Притиснете на
активиран.
прекинувачот за
вклучување/исклучување
неколку пати (1), сè додека
батериската светилка не се
користи преку Bluetooth®.
Батериската светилка не се вклучува по безжичното
полнење.
Bosch Power Tools