Вадење на батеријата
За да ја извадите батеријата (6) притиснете на копчињата
за отклучување батеријата (5) и извлечете ја наназад од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Промена на алат (види слика A)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (8)
не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на
алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (2) со
вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете
го алатот.
Чаурата на брзозатегнувачката глава за дупчење (2)
свртете ја цврсто со рака во правец ➋, додека целосно не
се заклучи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Bosch Power Tools
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (7)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (6) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика B)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (7) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (7) на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(8) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (8) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 20
степени и „MAX". Штом ќе се постигне вртежниот момент,
алатот за вметнување запира.
За дупчење користете го степенот „MAX".
Механички избор на брзини
Прекинувачот за избор на брзина (4) може да го
u
активирате во состојба на мирување или додека
работи електричниот алат. Сепак тој не смее да се
активира при целосно оптоварување или
максимален број на вртежи.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
Македонски | 129
1 609 92A 4XS | (09.11.2020)