Местење на гумената лента (всисување
влажни материи) (види слика D)
– Извадете ги четките (23) со соодветен алат од подната
млазница (24).
– Поставете ја гумената лента (22) во подната млазница
(24).
Напомена: Структурираната страна на гумената лента
мора да покажува нанадвор.
Вметнување на филтерот за влага (всисување
на влажни материи) (види слики E1–E2)
За полесно отстранување, при всисување на мешавина
од вода и цврсти материи всисувачот содржи филтер за
влага (20), кој ќе ја одвои водата од цврстите материи.
– Отворете ги затворачите (8) и извадете го горниот дел
на всисувачот (7).
– Свртете го држачот на филтер (29) до крај во правецот
на вртење
и извадете го држачот за филтер заедно
со главниот филтер (19) од горниот дел на всисувачот
(7).
– Навлечете го филтерот за влага (20) преку корпата за
филтер (30).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (7) и затворете
ги затворачите (8).
Употреба
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Кога ракувате со всисувачот, проверете дали се
блокирани тркалцата за блокирање на всисувачот, за да
се заштити всисувачот од ненамерно тркалање.
Тестирајте ги тркалцата пред работење со соодветната
подлога.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на всисувачот.
Информирајте се за важечките одредби/закони во
u
Вашата земја во однос на постапувањето со
честички прав што се штетни по здравјето.
Всисувачот може да се користи за всисување и
издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m
Во основа, всисувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
За да се загарантира оптимален капацитет на всисување
мора секогаш целосно да го одвиткувате цревото за
всисување (16) од горниот дел на всисувачот (7).
Bosch Power Tools
Всисување на суви материјали
Напомена: Проверете дали при всисување на суви
материи е вметнат главниот филтер (19) во всисувачот.
Всисување на наталожена прав
– За да го вклучите всисувачот
прекинувачот за избирање на режим на
работа (4) поставете го на ознаката
„Всисување".
– За да го исклучите всисувачот, поставете
го прекинувачот за избирање на режим на
работа (4) на ознаката „Исклучување".
Всисување на правта што се создава додека работат
електричните алати (GAS 15 PS) (види слика F)
Мора да постои доволен степен на проток на воздух
u
во просторот, бидејќи издувниот воздух се враќа
во просторијата. Внимавајте на односните прописи
во земјата.
Во всисувачот има вградено шуко приклучница (3). Таму
може да приклучите надворешен електричен апарат.
Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ
на електричниот алат што се приклучува.
– Монтирајте го адаптерот за всисување (14).
– Вметнете го адаптерот за всисување (14) во
млазниците за всисување на електричниот алат.
Напомена: при работење со електрични алати, чијшто
довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр.
убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот
за непотребен воздух (31) на адаптерот за
всисување (14). Само на тој начин полуавтоматското
чистење на филтерот може да работи без проблем.
Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен
воздух (31) додека не се појави максимален отвор.
– За приклучување на Старт/Стоп-
автоматиката на всисувачот,
поставете го прекинувачот за избор на
режим на работа (4) на ознаката
„Старт/Стоп-автоматика".
– За ставање во употреба на всисувачот приклучете го
приклучениот електричен алат на приклучницата (3).
Всисувачот автоматски почува со работа.
– Исклучете го електричниот алат, за всисувањето да
заврши.
Функцијата за продолжен тек на Старт/Стоп-
автоматиката продолжува да работи уште 6 секунди,
за да ја всиса останатата прав од цревото за
всисување.
– За да го исклучите всисувачот,
поставете го прекинувачот за
3
избирање на режим на работа (4) на
ознаката „Исклучување".
Всисување на влажни материи
Со всисувачот не всисувајте запаливи или
u
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
Македонски | 167
1 609 92A 9KF | (18.04.2024)