други, мали предмети кои може да направат
краток спој. Краткиот спој кај батериите може да
предизвика изгореници или пожар.
d) При погрешна примена може да излезе течност
од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа.
При случаен контакт, измијте се со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, побарајте и
лекарска помош дополнително. Течноста која
може да излезе од акумулаторот може да доведе до
надразнување на кожата и изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат
кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
f) Не го изложувајте комплетот со батерии
или алатот на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите инструкции за полнење и не
го полнете комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен во
инструкциите. Неправилното полнење или на
температура надвор од наведениот опсег може да
ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од
пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со
батерии. Поправката на комплети со батерии треба
да ја врши само производителот или овластен
сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ
БЕЗЖИЧНИ АЛАТИ
•
Држете го алатот за изолираните површини
за фаќање кога извршувате работа при која
што дополнителната опрема за сечење може
да дојде во контакт со сокриените жици (ако
дополнителната опрема за сечењe дојдe во контакт
со жица под напон може да ги електрифицираат
металните делови на алатот и да предизвика
електричен удар на операторот)
•
Користете стегачи или друг практичен начин за
да го обезбедите и потпрете парчето за работа
на стабилна платформа (парчето за работа е
нестабилно ако го држите парчето со рака или
потпрено на телото со што може да ја загубите
контролата)
ОПШТИ
•
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
•
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
•
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
•
Отстранете ја батеријата од алатот пред секое
подесување или промена на приборот
•
Кога работите, цврсто држете го алатот со двете
раце и заземете безбеден став
•
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
•
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
•
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
•
Носете заштитни ракавици кога ги менувате
додатоците (контакт со додаток може да доведе до
повреда)
•
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
ПРИ ПИЛЕЊЕ/СЕЧЕЊЕ
•
Држете ги рацете подалеку од областа за
сечење. Никогаш не допирајте под материјалот од
која било причина додека сечете
•
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
•
Не користете сечиво што е напукнато, деформирано
или тапо
ПРИ БРУСЕЊЕ
•
Користете го алатот само за суво брусење
(навлегувањето на водата во алатот го зголемува
ризикот од електричен удар)
•
Не допирајте ја брусната хартија која се движи
•
Не користете изабени, искинати или хартија со многу
налепен слој од брусење
•
При брусење на метал доаѓа до појава на искри;
не користете правосмукалка а останатите лица и
запалливи материјали треба да се наоѓаат подалеку
од местото каде се работи
АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
•
Обезбедената батерија, доколку ја има, е
делумно наполнета (за да се обезбеди целосен
капацитет на батеријата, целосно наполнете ја
батеријата во полначот на батеријата пред да го
употребите вашиот електричен алат за првпат)
•
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
•
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку да се замени
•
Не ја расклопувајте батеријата
•
Никогаш не ги изложувајте на дожд алатот/
батеријата
•
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа –20...+50°C
116