7.
Следете ги сите упатства за полнење
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството. Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
Сервисирање
1.
Вашиот електричен алат сервисирајте го кај
квалификувано лице за поправки, кое користи само
идентични резервни делови. Така ќе бидете сигурни
дека електричниот алат и понатаму е безбеден.
2.
Никогаш не сервисирајте оштетени
батерии. Сервисирањето на батериите треба
да ги извршува само производителот или
овластените сервисери.
3.
Следете ги упатствата за подмачкување и за
менување на додатните делови.
Безбедносни предупредувања за
безжичниот компресор
1.
При пумпање предмети, цврсто поврзете
ги главата за воздух, адаптерот и вентилот.
Во спротивно, може да дојде до оштетување
на предметот, цревото, главата за воздух или
адаптерот и може да се повредите.
2.
Пуштајте го притисокот за воздух полека. Кога ќе
го отстранувате цревото по пумпање предмети,
цврсто држете ги предметот, цревото и главата
за воздух. Предметот, главата за воздух или
адаптерот може да отскокнат поради испуштање на
воздухот и да предизвикаат повреда.
3.
Не пумпајте го предметот повеќе од
неговиот максимален притисок. Во
спротивно, може да дојде до оштетување на
алатот или предметот и може да се повредите.
4.
Не користете го алатот повеќе од неговиот
максимален излезен притисок. Тоа може да
предизвика пукање на предметот или алатот.
5.
Пумпајте ги само оние предмети што
производителот назначил дека треба да се
пумпаат, како што се гуми, спортски топки или
мали гуми за пловење. Пумпање други предмети
може да ги оштети и да предизвика повреда.
6.
При пумпање предмети, проверете
ги манометарот, статусот на алатот и
предметот и проверете дали некаде
истекува воздух. Во спротивно, може да дојде
до оштетување на алатот или предметот и
може да дојде до повреда.
7.
Кога го носите алатот, држете го за рачката. Не
држете го и не извлекувајте го цревото. Алатот
може да се оштети и да предизвика повреда.
8.
По пумпање на предметите, проверете
го притисокот на воздухот со помош на
доверлива и калибрирана опрема за
мерење. Користете го манометарот на алатот
само како референца.
9.
По користење на алатот 5 минути
континуирано, престанете со користење
5 минути за да се излади. Не користете го
алатот повеќе од дозволеното континуирано
време на работење. Во спротивно, алатот
може да се оштети и да предизвика повреда.
10. Не користете го алатот на песок или
правлива површина. Туѓи предмети може да
навлезат во алатот и да предизвикаат дефект.
Не насочувајте го излезот на цревото кон
11.
вас или кон други лица. Предметите може да
се оддуваат и да предизвикаат повреда.
12. Не насочувајте го излезот на цревото кон
прав или слично. Правот може да се раздува
и да предизвика повреда.
13. Не пумпајте предмети со голем капацитет. Ако
пумпате предмети со голем капацитет, алатот може
екстремно да се загрее и да ви ја изгори кожата.
14. Не допирајте ги алатот, цревото, главата за
воздух или адаптерот веднаш по пумпањето
предмети. Металните делови може да бидат
многу жешки и може да ви ја изгорат кожата.
15. Не користете го алатот со влажни раце.
16. При држење на стегата на главата за воздух,
внимавајте да не си ги потфатите прстите
помеѓу главата за воздух и стегата.
17. Осигурете дека цревото не е заплеткано.
Заплетканото црево може да предизвика
загуба на рамнотежа и да предизвика повреда.
18. Никогаш не оставајте го алатот без надзор
кога цревото е прикачено на предмет или за
време на работењето.
19. Не користете го алатот како уред за дишење.
20. Не користете го алатот за прскање
хемикалии. Може да ви се оштетат белите
дробови од вдишување токсични испарувања.
21. Работете се алатот на отворено најмалку 50
cm подалеку од ѕид или предмети што може
да го попречат струењето на воздухот во
вентилациските отвори.
22. Не расклопувајте го алатот.
23. Користете само стандардни додатоци на Makita.
Со користење друг прибор или додатоци може да
се изложите на ризик од телесни повреди.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
3.
Ако оперативното времето станало прекумерно
кратко, престанете веднаш со работа. Тоа може
да резултира со ризик од прегревање, можни
изгореници, па дури и експлозија.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
4.
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и сл.
На изложувајте ја касетата за
(3)
батеријата на вода или дожд.
168 МАКЕДОНСКИ