Веб-апликација
Дополнителни опции за конфигурација и детални
информации за постоечките процеси на полнење
се достапни преку користење на веб-аликацијата
дизајнирана специфично за секој полнач.
Информација
– Зависно од тоа кој пребарувач го користите,
веб-апликацијата нема да се отвори веднаш.
Наместо тоа, прво ќе се прикаже известување
во врска со безбедносните поставувања на
пребарувачот.
– Начинот на внесување на кодот на мрежата
за отворање на веб-апликацијата зависи од
оперативниот систем на уредот.
Отворање на веб-апликацијата
преку пристапното место
Веб-апликацијата може да се отвори со
користење на уред (персонален компјутер, таблет
или паметен телефон) преку пристапно место
поставено од полначот.
За да поставите пристапно место:
f Видете во поглавјето „Пристапно место"
на страница 510.
e За да ја отворите веб-апликацијата додека
пристапното место е активно, внесете ја
следната IP адреса во редот за адресата
на пребарувачот: 192.168.0.1
Отворање на веб-апликацијата
преку WiFi
Веб-апликацијата може да се отвори во
пребарувачот на уред (персонален компјутер,
таблет или паметен телефон) кој е најавен на
истата домашна мрежа како полначот.
e Внесете ја моменталната IP-адреса на
полначот во редот за адресата на
пребарувачот. IP адресата ќе ја најдете во
S
> N
> N
ETTINGS
ETWORK
ETWORK INFORMATION
– или –
e Внесете го името на серверот на полначот во
редот за адресата на пребарувачот. Ќе го
најдете името на серверот во ознаката која
содржи податоци за пристап.
Полнење
Отвор за полнење на возилото
Информации за поврзување и исклучување на
кабелот за возилото со и од отворот за полнење на
возилото и за полнењето и статусот на
поврзување на отворот за полнење на возилото:
f Видете во Прирачникот за употреба.
Струен удар, пожар
ОПАСНОСТ
Ризик од сериозна или смртоносна повреда
поради пожар или струен удар.
e Секогаш обрнувајте внимание на наведениот
редослед на постапката за полнење.
e Не откачувајте го кабелот на возилото
од отворот за полнење на возилото за време на
полнењето.
e Завршете го процесот на полнење пред да го
исклучите кабелот на возилото од отворот за
полнење на возилото.
e Не исклучувајте го полначот од електричната
приклучница за време на полнењето.
Грешките се прикажани на дисплејот и се
означени од црвените LED-диоди за статус.
Се прикажува порака за грешка, причината
и корективната мерка.
f Видете во поглавјето „Неправилно
функционирање" на страница 513.
Започнување на полнењето
1. Вметнете го приклучокот во електричната
приклучница.
.
Копчето за напојување светнува бело.
LED-диодите за статус светнуваат бело
Дисплејот се вклучува.
2. Вметнете го приклучокот на возилото во
отворот за полнење на возилото.
Копчето за напојување светнува бело.
LED-диодите за статус пулсираат бело.
Информации за поврзување на кабелот на
возилото со отворот за полнење на возилото:
f Видете во Прирачникот за употреба.
Последователно по успешното само-
тестирање и кога поврзувањето е
воспоставено, LED-диодите светнуваат бело.
3. Полнењето започнува автоматски.
Копчето за напојување светнува бело.
LED-диодите за статус пулсираат зелено.
4. По неколку минути, полначот се исклучува во
режим на мирување.
Возилото започнува да се полни.
Информација
– Полнењето се контролира од возилото.
Полнењето може да се стопира само на
возилото.
– Освен ако полначот не е во режим на
мирување, статусот на полнење се прикажува
на дисплејот. Дисплејот може да биде вклучен
повторно со притискање на копчето на
напојување
.
– Функцијата за исклучување на превисока
температура спречува прегревање за време на
полнењето.
Веб-апликација
DE
EN
FR
IT
ES
PT
NL
SV
FI
DA
NO
EL
CZ
HU
PL
HR
SR
SK
SL
ET
LT
LV
RO
BG
MK
511