Транспорт
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Неприцврстен товар
Неприцврстениот, неправилно прицврстениот
или неправилно поставениот полнач може да се
излизга од местото и да ги стави во опасност
патниците во возилото за време на сопирање,
забрзување, менување на насока или во случај
на незгоди.
e Никогаш не превезувајте го полначот
неприцврстен.
e Секогаш превезувајте го полначот во
багажниот простор, никогаш во просторот за
патници (на пр. на или пред седиштата).
Прицврстување на полначот за
транспорт
Полначот е опремен со или без кутија за
транспорт, зависно од типот на возилото.
e Ако кутијата за транспорт е достапна:
Секогаш сместувајте и превезувајте го
полначот во кутијата. Прикачете ја кутијата
на предните и задните окца за прицврстување
со куки.
За информации во врска со окцата за
прицврстување во багажниот простор:
f Видете во Прирачникот за употреба.
e Ако кутијата за транспорт не е достапна:
Сместете го полначот во задниот багажен
простор за транспорт.
e Во зависност од типот на возилото, сместете го
полначот на тој начин, што нема да ги
загрозува патниците во опасни ситуации.
Основен ѕиден држач
Прикачување на контролната
единица на основниот ѕиден
држач
Слика 10: Прикачување на контролната единица
1. Насочете го кабелот на возилото низ
понискиот отвор на основниот ѕиден држач,
поставете го најдолниот дел од контролната
единица на табулаторот за заклучување и
турнете го назад за да се прицврсти.
2. Водете го кабелот за напојување низ горниот
отвор на основниот ѕиден држач и заклучете го
сигурносниот прстен со притискање на истиот
налево.
3. Вметнете го приклучокот на возилото во
држачот за конектор.
Станица за полнење
Слика 11: Станица за полнење
Отворање на станицата
за полнење
e Притиснете ја вратата на станицата
за полнење во насока на стрелката.
Вратата автоматски се отвора.
Затворање на станицата
за полнење
e Затворете ја вратата на станицата за полнење
и притиснете во насока на стрелката.
Заклучување на станицата
за полнење
e Завртете ја бравата до позиција А.
Транспорт
DE
EN
FR
IT
ES
PT
NL
SV
FI
DA
NO
EL
CZ
HU
PL
HR
SR
SK
SL
ET
LT
LV
RO
BG
MK
515