OBJ_BUCH-565-008.book Page 145 Friday, September 30, 2016 10:07 AM
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Прекинувачот за правец на вртење 7 поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот
апарат од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија 6 притиснете ја однапред навнатре
во подножјето на електричниот апарат. Целосно вметнете
ја батеријата во подножјето, додека црвената линија не
исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Поставете го правецот на вртење (види слика C)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 7
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 8 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење 7 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење 7 на десно до крај.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент 2 може
да го изберете потребниот вртежен момент во 20 степени.
При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се
стопира, откако шрафот цврсто ќе се зашрафи во
материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот
вртежен момент.
При одвртување на шрафови евентуално може да
одберете повисока поставка одн. да поставите на ознаката
„Дупчење".
Bosch Power Tools
Механички избор на брзини
Прекинувачот за избор на брзина 3 може да го
активирате во состојба на мирување или додека
работи електричниот апарат. Сепак тој не смее да се
активира при полно оптоварување или максимален
број на вртежи.
Со прекинувачот за избор на брзини 3 може да изберете
2 обеми на брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за зашрафување или работење со
голем дијаметар на дупчење.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Доколку прекинувачот за менување брзини 3 не може да
се вметне до крај, свртете ја малку главата за дупчење со
дупчалката.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
8 и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 8.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 8.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 8 се постигнуваат мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Целосно автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 8 не е
притиснат, вретеното за дупчење и прифатот за алат ќе се
фиксираат.
Ова овозможува зашрафување на шрафови и при
испразнета батерија одн. користење на електричниот алат
како шрафцигер.
Кочница за исфрлување од брзина
При отпуштање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 8 се закочува главата за дупчење и со тоа се
спречува повторното стартување на алатот што се
вметнува.
При зашрафување на шрафови, прекинувачот за
вклучување/исклучување 8 отпуштете го дури откако
шрафот цврсто ќе биде зашрафен во материјалот. На тој
начин главата на шрафот нема да навлезе во материјалот.
1 609 92A 2D5 | (30.9.16)
Македонски | 145